22
Сре, Фев
WSBK

Џонатан Реа незапирлив на Филип Ајленд

Актуеалниот Светски шампион во Супербајк шампионатот ја започна сезоната на најдобар можен начин откако ја забележа и втората победа на Филип Ајленд.

Следете нè на:

 

Возачот на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот утринава ја забележа втората победа на Филип Ајленд и го започна шампионатот со предност од 14 поени.

Двојната победа во првата рунда од шампионатот за Реа е одличен показател дека титулата минатата година нè му припадна случајно нему. Новото Кавасаки е одлично подготвено, а Британецот го користи тоа на најдобар можен начин.

Дека Супербајк шампионатот ќе биде возбудлив оваа сезона дефинитивно покажаа првите две трки. Возбудливи поминувања од почетокот до крајот на трката и разлики помеѓу возачите кои не се бројат во минути. Враќањето на неколку звучни имиња во шампионатот дополнително ја подгреа атмосферата, па воопшто не нè изненадува фактот дека веќе се продадени добар дел од картите за рундата во Тајланд која ќе се одржи на 11-13 март.

rea pobeda fa2Џонатан Реа победи и на втората трка на Филип Ајленд

Денешната трка за разлка од вчерашната за Реа помина малку поразлично, на почетокот тој им дозволи на Том Сајкс и Ван дер Марк да го диктираат темпото. Сајкс беше водечки на Филип Ајленд во првите 10 круга, потоа превзема Ван дер Марк со својата Хонда, а Чаз Дејвис од позади ја следеше целата ситуација.

Веќе во 18-от круг Реа дојде до првата позиција, но она што беше возбудливо беше возењето на Дејвис кој го следеше секој негов чекор, па така возачот на Дукати се најде на втората позиција. Дејвис знаеше дека неговото Дукати ги нема перформансите на Кавасакито на правците, па се одлучи да не чека до 22-от круг за да дојде до првата позиција.

davis rea faЏонатан Реа и Чаз Дејвис во борба за првата позиција

Реа рутинирано го тераше Дејвис да го следи по правците и со касно кочење да се обиде да го помине, возачот на Дукати го правеше тоа но за жал во последниот круг по правецот во првиот десен свиок не можеше да закочи па излета од патеката. Дејвис веднаш по падот го подигна моторот и се врати на патеката, успеа да ја заврши трката но на 10-та позиција.

За Џонатан Реа ова беше 31-ва победа во кариерата, а од Австралија се враќа со фантастичен учинок од 2 победи и 50 поени на своето конто. Втората позиција на Филип Ајленд му припадна на Михаел ван дер Марк кој го видовме во одлично светло викендов, а за успехот на Хонда се погрижи и Ники Хејден кој дојде до четвртата позиција. Давиде Џулијано ја одбрани честа на Дукати откако се искачи на пиедесталот како третопласиран.

van der markМихаел ван дер Марк дојде до втората позиција во генералниот пласман

1. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10R 22 laps
2. Michael van der Mark NED Honda Racing CBR1000RR +0.831s 
3. Davide Giugliano ITA Aruba.it Racing Ducati 1199R +1.472s 
4. Nicky Hayden USA Honda Racing CBR1000RR +1.511s 
5. Sylvain Guintoli FRA PATA Crescent Yamaha R1 +2.439s 
6. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +3.320s 
7. Jordi Torres ESP Althea BMW S1000RR +13.744s 
8. Markus Reiterberger GER Althea BMW S1000RR +15.084s
9. Josh Brookes AUS Milwaukee BMW S1000RR +15.106s 
10. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati 1199R +16.276s 
11. Karel Abraham CZE Althea BMW S1000RR +30.147s 
12. Roman Ramos ESP GO Eleven Kawasaki ZX-10R +30.251s 
13. Alex de Angelis RSM IodaRacing Aprilia RSV4 +30.437
14. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 +39.946s
15. Sylvain Barrier FRA Pedercini Kawasaki ZX-10R +53.515s 

16. Dominic Schmitter SUI Grillini Kawasaki ZX-10R +58.450s 
17. Saeed al Sulaiti QAT Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 01.836s 
18. Peter Sebesteyen HUN Team Toth Yamaha R1 +1m 30.672s 
19. Imre Toth HUN Team Toth Yamaha R1 +1 lap 

Без пласман

20. Mike Jones AUS Desmo Sport Ducati 1199R 11 laps completed
21. Leon Camier GBR MV Agusta RC F4 RR 7 laps completed
22. Lorenzo Savadori ITA IodaRacing Aprilia RSV4 1 lap completed

Не стартуваше

Xavi Fores ESP Barni Ducati 1199R 
Toprak Razgatlioglu TUR Grillini Kawasaki ZX-10R 

12771767 10153566911684032 8658286886310898803 oГенералниот пласман по првата рунда во Супербајк

1. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10R 22 laps
2. Michael van der Mark NED Honda Racing CBR1000RR +0.831s 
3. Davide Giugliano ITA Aruba.it Racing Ducati 1199R +1.472s 
4. Nicky Hayden USA Honda Racing CBR1000RR +1.511s 
5. Sylvain Guintoli FRA PATA Crescent Yamaha R1 +2.439s 
6. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +3.320s 
7. Jordi Torres ESP Althea BMW S1000RR +13.744s 
8. Markus Reiterberger GER Althea BMW S1000RR +15.084s
9. Josh Brookes AUS Milwaukee BMW S1000RR +15.106s 
10. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati 1199R +16.276s 
11. Karel Abraham CZE Althea BMW S1000RR +30.147s 
12. Roman Ramos ESP GO Eleven Kawasaki ZX-10R +30.251s 
13. Alex de Angelis RSM IodaRacing Aprilia RSV4 +30.437
14. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 +39.946s
15. Sylvain Barrier FRA Pedercini Kawasaki ZX-10R +53.515s 

16. Dominic Schmitter SUI Grillini Kawasaki ZX-10R +58.450s 
17. Saeed al Sulaiti QAT Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 01.836s 
18. Peter Sebesteyen HUN Team Toth Yamaha R1 +1m 30.672s 
19. Imre Toth HUN Team Toth Yamaha R1 +1 lap 

Not Classified

20. Mike Jones AUS Desmo Sport Ducati 1199R 11 laps completed
21. Leon Camier GBR MV Agusta RC F4 RR 7 laps completed
22. Lorenzo Savadori ITA IodaRacing Aprilia RSV4 1 lap completed

Did not start

Xavi Fores ESP Barni Ducati 1199R 
Toprak Razgatlioglu TUR Grillini Kawasaki ZX-10R 
Read more at http://www.crash.net/wsbk/results/227983/1/phillip-island-race-results-2.html#jMUfiqazUqfU6jaF.99
comments

Би можело да ве интересира

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Моделот на Yamaha, XSR900, ја освои престижната „iF Design“ награда за 2017 година.

Во каталогот можете да ги видите најдобрите производи кои се продаваат под брендовите Ariete, Harri и ARI и се наменети за мотоциклистите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!