26
Пет, Мај
WSBK

Чез Дејвис двоен победник на Motorland Aragon

Чез Дејвис оствари уште една импресивна победа на втората трка која се оддржа во Арагон. Возачот на MW Motorrad Goldbet ја оствари својата втора победа во трка исполнета со драма која започна уште на стартот.

Следете нè на:

 

chaz-davies-aragon-2013Одлични трки за Чаз Дејвис во Шпанија

Чез Дејвис оствари уште една импресивна победа на втората трка која се оддржа во Арагон. Возачот на MW Motorrad Goldbet ја оствари својата втора победа во трка исполнета со драма која започна уште на стартот.

Откако се наместија на стартот по загревањето, мотоциклот на Џулс Клузел откажа и беше покажано жолто знаме. Додека тој беше отстранет од патеката, Лорис Баз реши да го изгасне својот моторцикл бидејќи помисли дека видел црвено знаме.  По ова, целата стратна процедура мораше да биде повторена и трката беше скратена за еден круг. Нервозниот Баз (кој турна еден од неговите механичари) беше принуден да започне од боксот заедно со Клузел.

Јуџин Лаверти повторно беше напред но се откажа од трката после 2 свиока поради ладни гуми и му го препушти водството во шампионатот на неговиот тимски колега Силвиан Гинтоли кој заврши на второто место на трката во Арагон.

Откако Ирецот излезе од трката, Том Сајкс го превзеде водството, а по него следуваа Чез Дејвис, Силвиан Гинтоли и Марко Меландри. Откако направи грешка во вториот круг, тој не успеа да се опорави до крајот на трката и се бореше со Давиде Џулијано за последното место на подиумот.

Дејвис, кој го наследи првото место постави одлично темпо кое не беше предизвикано до крајот на трката и им ја донесе првата двојна победа на BMW оваа сезона.

Интересна беше борбата помеѓу Француските возачи Баз и Клузел за шестото место, кое сепак на крај го освои возачот на Kawasaki. Карлос Чека освои уште едно осмо место и сега се надева дека трката во Асен ќе биде повеќе пријателска за неговиот Ducati.

Леон Хаслам заврши на деветото место додека пак неговиот тимски колега Џонатан Реа, имаше проблеми со сопирачките и беше принуден да замине во гаражата и повторно да се приклучи на трката. Сепак на крајот тој успеа да освои еден поен.

Резултати од првата трка:

01- Chaz Davies – BMW Motorrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – 20 круга за 39’50.332
02- Sylvain Guintoli – Aprilia Racing Team – Aprilia RSV4 Factory – + 5.216
03- Marco Melandri – BMW Motorrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – + 7.089
04- Jonathan Rea – Pata Honda World Superbike Team – Honda CBR 1000RR – + 8.196
05- Loris Baz – Kawasaki Racing Team – Kawasaki ZX-10R – + 14.417
06- Jules Cluzel – FIXI Crescent Suzuki – Suzuki GSX-R 1000 – + 18.332
07- Carlos Checa – Team Ducati Alstare – Ducati 1199 Panigale R – + 24.306
08- Michel Fabrizio – Red Devils Roma – Aprilia RSV4 Factory – + 25.884
09- Leon Haslam – Pata Honda World Superbike Team – Honda CBR 1000RR – + 35.721
10- Ayrton Badovini – Team Ducati Alstare – Ducati 1199 Panigale R – + 44.129
11- Max Neukirchner – MR Racing – Ducati 1199 Panigale R – + 51.424
12- Federico Sandi – Team Pedercini – Kawasaki ZX-10R – + 1’09.217
13- Ivan Clementi – HTM Racing – BMW S1000RR – + 1’14.091
14- Vittorio Iannuzzo – Grillini Dentalmatic SBK – BMW S1000RR – + 1’48.328

Резултати од втората трка:

01- Chaz Davies – BMW Motorrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – 19 круга за 37’52.691
02- Sylvain Guintoli – Aprilia Racing Team – Aprilia RSV4 Factory – + 5.035
03- Tom Sykes – Kawasaki Racing Team – Kawasaki ZX-10R – + 7.677
04- Davide Giugliano – Althea Racing – Aprilia RSV4 Factory – + 12.549
05- Marco Melandri – BMW Motorrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – + 19.766
06- Loris Baz – Kawasaki Racing Team – Kawasaki ZX-10R – + 23.855
07- Jules Cluzel – FIXI Crescent Suzuki – Suzuki GSX-R 1000 – + 26.926
08- Carlos Checa – Team Ducati Alstare – Ducati 1199 Panigale R – + 31.593
09- Leon Haslam – Pata Honda World Superbike Team – Honda CBR 1000RR – + 35.308
10- Ayrton Badovini – Team Ducati Alstare – Ducati 1199 Panigale R – + 44.497
11- Michel Fabrizio – Red Devils Roma – Aprilia RSV4 Factory – + 53.071
12- Max Neukirchner – MR Racing – Ducati 1199 Panigale R – + 55.223
13- Alexander Lundh – Team Pedercini – Kawasaki ZX-10R – + 1’32.995
14- Ivan Clementi – HTM Racing – BMW S1000RR – + 1’41.979
15- Jonathan Rea – Pata Honda World Superbike Team – Honda CBR 1000RR – 1 круг

 

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!