Патеката во Имола беше жешка (57°) и многу тешка за возење но тоа не го спречи Том Сајкс да оствари убедлива победа.

Tom-Sykes-Kawasaki-Monza

Патеката во Имола беше жешка (57°) и многу тешка за возење но тоа не го спречи Том Сајкс да оствари убедлива победа. На второто и третото место се најдоа Џонатан Реа и Силвиан Гуинтоли. Ова беше втора двојна победа на Сајкс во сезоната. Британскиот возач се најде на врвот на табелата со 235 бода, шест повеќе од Силвиан Гуинтоли. Давиде Џулиано исто така имаше интересен викенд. Откако го освои второто место на трката број 1, возачот на Алтеа беше многу блиску до Сајкс на втората трка, но во текот на третиот круг тој изгуби контрола над својот моторцикл и излета од патеката. Марко Меландри со неговиот BMW Goldbet заврши на четвртото место. Во највозбудливиот момент од трката, неговиот тимски колага Чез Дејвис го претекна во претпоследниот круг но Меландри сепак успеа да го помине во последниот круг. Дејвис имаше проблеми на последниот свиок и мораше да му го препушти местото на Меландри. На шестото место беше Лорис Баз кој мораше да се бори со Леон Камиер. Мишел Фабрицио беше осми. Џулс Клузел, Леон Хаслам и Аиртон Бадовани се бореа за деветото место. На крај возачот на Pata Honda успеа да заврши пред Бадовани и Клузел. Карлос Чека заврши на дванаесетото место пред Макс Неикирхнер,Федерико Санди и Норијуки Хага.

Back To Top