Трката број 1 во Москва беше драматична поради многуте несреќи, повлекувања и дожд.

marco-melandri

Трката број 1 во Москва беше драматична поради многуте несреќи, повлекувања и дожд.
Таа се возеше на екстремни временски услови. На стартот беше суво а потоа заврна дожд кој остави големи количини на вода на делови од патеката.

Во овие тешки услови за возење, Марко Меландри ја оствари третата победа оваа сезона. На подиумот уште се најдоа и Чез Дејвис и Аиртон Бадовани.
Трката започна навистина драматично.После само два свиока, четворица возачи излетаа надвор од патеката. Карлос Чека и Џулс Клузел излетаа први но Французинот успеа да се врати на патеката. Следен беше Лоренцо Савадори, кој излета на неговиот дебитантски настап а со него го повлече и Виторио Ланузо.

Давиде Џулиано излета од патеката во моментот кога го бркаше Чез Дејвис а Том Сајкс сеуште имаше проблеми по падот кој го дожива на квалификациите. Неговиотмоторцикл откажа уште пред загревачкиот круг. Тоа беше првиот сигнал дека нешто не е во ред. За време на четвртиот круг тој застана покрај патеката и силно притисна на гаста. Во тој момент машината почна да исфрла масло и се запали. И покрај тоа што имаше проблеми, Силвиан Гуинтоли сепак на крајот успеа да заврши на шестото место. Јуџин Лаверти и Леон Хаслам исто така излетаа од патеката. За време на големата мешаница, Лорис Баз на кратко го превзеде водството, но сепак Меландри брзо го помина. 

Мишел Фабрицио заврши на петото место а после него се најдоа Гуинтоли, Неукирхнер, Баз и Леон Камиер. Џулс Клузел и Федерико Санди и покрај тоа што заостануваа еден круг, на крајот успеаа да освојат драгоцени поени.

Back To Top