Вести од светот

Zero S најдобар Европски Е-мотоцикл за 2013

2013 Zero S беше прогласен за Европски Е-мотоцикл за 2013 година на третите “Europe’s Clean Week 2020” избори. На второ место се најде Zero DS. Настанот се оддржа на патеката Золдер во Белгија.

Следете нè на:

 

Cattura13-586x397Zero S 2013

2013 Zero S беше прогласен за Европски Е-мотоцикл за 2013 година на третите “Europe’s Clean Week 2020” избори. На второ место се најде Zero DS. Настанот се оддржа на патеката Золдер во Белгија.

Clean Week 2020 има за цел да обезбеди годишен преглед на идните технологии од областа на мобилноста и животната средина, помешани со привлечна комбинација на спортски, образовни, технолошки и рекреативни елементи. Организаторите планираат овој настан да се оддржува до 2020 година.

Ова е трета година по ред како Zero S е прогласуван за Европски Е-мотоцикл на годината.

„Ни претставува чест што Zero S ја одбрани титулата трета година по ред. Со можност да помине 220 километри низ град, максимална брзина од 150 километри на час и CHAdeMO додаток кој овозможува полнење на батеријата за еден час, моделот 2013 е навистина исклучителен,“ изјави Едвин Белоње, управен директор на Zero Motorcycles Europe. „Оваа награда го прави Zero S најдобар во класата, мислење споделено од 12 Европски новинари кои ги тестираа сите возила презентирани на Clean Week 2020.“

2013 Zero S ZF11.4, кој победи во „e-Motorbike“ класата на Clean Week 2020, има 54 кс Z-Force мотор кој има речиси двојно повеќе коњски сили во споредба со моделот од минатата година. Со 68 ft.-lbs број на вртежи при застој,овој нов Z-Force мотор нуди неверојатно забрзување. Покрај одличните перформанси има и елегантен нов изглед, простор за складирање и подобрен интерфејс.

Неодамна, Zero S ZF9 ја освои и наградата „e-Motorcycle of the Year“ на онлајн изборот одржан од страна на Motos.net, на кој учествуваа 533,469 луѓе.

Меѓу другите победници се и скутерите Govecs Go! S 2.4 и Govecs Go! T 2.4, потоа Vectrix VX1 и мопедот Nimoto City 350.

 

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!