Паметните телефони денеска се присутни насекаде, но тие не смеат да се користат додека управувате со возило кое тежи речиси два тона. Ние возачите на мотоцикли знаеме колку е тоа опасно и со тоа постојано се среќаваме.

Паметните телефони денеска се присутни насекаде, но тие не смеат да се користат додека управувате со возило кое тежи речиси два тона. Ние возачите на мотоцикли знаеме колку е тоа опасно и со тоа постојано се среќаваме. Но барем во Велика Британија таквите возачи отсега ќе добиваат високи казни, а постои можност и да останат без возачка дозвола.

kazna vozaci

Отсега сите оние кои користат мобилни телефони додека возат се соочуваат со казна од 200 фунти и шест казнени поени. Тоа можеби нема да им значи ништо на постарите возачи кои имаат само неколку прекршоци, но доколку станува збор за нов возач, постои можност да го загуби правото на возење на одреден период. Според законот, новите возачи можат да загубат најмногу шест поени во првите две години откако ја добиле возачката дозвола. Со тоа, доколку ги фатат како го користат телефонот додека возат, автоматски им следува забрана.

„Сите мора да ги поттикнуваат своите пријатели и членови на фамилијата да не го користат телефонот додека возат,“ изјави министерот за транспорт Крис Грејлинг. „Тоа е неприфатливо исто како и возењето под дејство на алкохол.“

Од Авто Мото сојузот на Велика Британија  велат дека голем број од возачите ги користат мобилните телефони бидејќи веруваат дека нема да бидат фатени од полицијата. Според нивните истражувања, бројот на лица кои сметаа дека е прифатливо да направат краток телефонски повик е зголемен за двојно.

Според едно друго истражување, 22 лица загинале, а 99 се здобиле со сериозни повреди на улиците во Велика Британија во 2015 година, а како главна причина е наведена користењето на мобилните телефони.

За воведување на повисоките казни допринесе и неодамнешната несреќа во која еден полски возач на камион направил сообраќајна несреќа во која загинаа четири лица, а во моментот на нереќата возачот на камионот барал музика на својот телефон.

Ние можеме само да препорачаме дека казните треба да бидат многу повисоки и да бидат имплементирани во сите земји.

Back To Top