23
Нед, Апр
Вести од светот

Во САД субвенции од 2.500$ за купување на електричен мотор

Неодамна објавената иницијатива на Zero Motorcycles може да претставува продолжение на политиката на компанијата за унапредување на еколошкиот транспорт, или само маркетиншки трик за да продадат стар производ.

Следете нè на:

 

2012 zero-s studio blackАмериканците добиваат субвенции за купување на електричен мотор

Неодамна објавената иницијатива на Zero Motorcycles може да претставува продолжение на политиката на компанијата за унапредување на еколошкиот транспорт, или само маркетиншки трик за да продадат стар производ.

Во секој случај, моторциклистите кои сакаат да купат електричен мотор можат да заштедат до 2500$ доколку при купување на модел на Zero Motorcycle од 2012 го заменат својот стар бензински мотор.

„Пари за јаглерод“ - програмата на Zero, може да донесе голема заштеда при купување на нов мотор од Zero, доколку потрошувачите од САД го наведат тоа при поднесувањето на нивната даночна пријава. Со кредитот може да заштедат до 10%, или максимум 2500$ при купување на возила на две или три тркала.

Цената на 2012 Zero S ZF9, кој поминува 183км со едно полнење на неговата 9 киловатна батерија, може да се намали од 13,995$  на 8,995$,  доколку ја користите „пари за јаглерод“ програмата и веќе спомнатите федерални данични олеснувања.

„Zero има за цел да ги примами традиционалните возачи на мотори со внатрешно согорување да преминат на електрични мотори“, изјави Скот Харден, заменик претседател за глобален маркетинг на Zero Motorcycles.

„Со нудење на попуст од 2500$ на нашите нови клиенти, ние очекуваме оваа промоција да биде одлична продажна алатка на нашата национална дилерска мрежа.“

Субвенциите за електричен мотор се навистина одличен начин за да се прошири мрежата на возила на две тркала кои трошат незначително помалку и загадуваат помалку. Во Македонија продажбата на електрични скутери и мотори оди навистина слабо, за жал ние сме пазар за кој важи „доколку не брчи, не е мотор“.

 

 

comments

Би можело да ве интересира

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Викендов на програмата е третата трка од МотоГП шампионатот која се вози на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, САД.

Според спецификацијата станува збор за мотоцикл кој развива неверојатни 212кс и има тежина од само 171 килограм!

Ако Вињалес го победи Маркез на оваа патека, тогаш може да го победи секаде. Но дали возачот на Honda ќе возврати?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!