Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Suzuki ни ја престави новата линија на супербајк мотоцикли на саемот „EICMA“ во Милано, а денеска пристигна информацијата за цената на новите модели во САД.

Ако се сеќавате, новиот Suzuki GSX-R1000 има комплетно нов дизајн кој користи „flat-plane inline-four“ мотор заедно со новата „variable valve timing“ технологија. Вреди да се напомене дека ова е првиот супербајк мотоцикл кој користи ваква технологија.

2017 Suzuki GSX R1000R blue

Цената која Suzuki му ја додели на основниот модел GSX-R1000 е прилично агресивна и има за цел да им се спротистави на мотоциклите како Yamaha R1 кој има цена од 14,999 долари и Kawasaki Ninja ZX-10R кој има цена од 16,099 долари во САД. Нивната крајна цел е да понудат мотоцикл кој има помала цена и кој има повеќе опции на него.

Истото може да се каже и за Suzuki GSX-R1000R кој има почетна цена од 16,999 долари за моделот за сезоната 2017. Овој мотоцикл, во однос на цената и перформансите, може да се спореди со Yamaha YZF-R1 ($16,699) и Yamaha YZF-R1M ($22,499), Kawasaki Ninja ZX-10RR ($18,899), а не треба да ги заборавиме и новите Honda CBR1000RR ($16,999) и Honda CBR1000RR SP ($19,999).

Од трудот кој што беше вложен во GSX-R1000 како и од посветеноста на Јапонската компанија кон MotoGP, знаеме дека тие имаат сериозни планови за враќање на пазарот на супербајк мотоцикли.

Сеуште немаме информација за цената на овие модели во Македонија, но имајќи ги во предвид цените во САД можеме да очекуваме цена која ќе се движи во рамките на останатите мотоцикли од оваа класа. Наскоро очекуваме да го добиеме ценовникот од увозникот на Сузуки по што ќе го објавиме целосниот ценовник на нови модели за 2017 година.

Back To Top