Сигурно сте си помислиле дека кражба на мотоцикл во град во кој има голем број на безбедносни камери не е честа појава. Напротив, крадците сега тоа го прават преку ден и спремни се да се тепаат доколку некој се обиде да ги спречи.

Сигурно сте си помислиле дека кражба на мотоцикл во град во кој има голем број на безбедносни камери не е честа појава. Напротив, крадците сега тоа го прават преку ден и спремни се да се тепаат доколку некој се обиде да ги спречи.

На ова две минутно видео испратено од познатиот лондонски видео блогер, Ројал Џорданиан, се гледа како четири лица се обидуваат да украдат Yamaha R1 од подземен паркинг. Настанот се случил преку ден и во момент кога поминувале многу луѓе, но никој не бил заинтересиран за она што се случува.

krazba1

Лицето кое ја снимило случката, кој исто така бил возач, се обидел да им го привлече вниманието на пешаците за некој да реагира, но сето тоа било залудно. Сечење на три заштитни механизми не е нешто што се случува редовно.

Очигледно, на никого не му било грижа па храбриот возач се обидел сам да им се спротистави на крадците. Бидејќи напаѓачите биле побројни од него и  не бил вооружен, единствено нешто што можел да направи е силно да притисне на гаста и да почне да вика, додека двајца од крадците се обидувале да го нападнат.

Другите двајца крадци успеале да ги исечат катанците на мотоциклот и почнале да го туркаат надвор од гаражата. Лицето уште еднаш се обидело да ги спречи да излезат но двајца од крадците му пришле одзади и му фрлиле некаков вид на киселина. Тој го загубил балансот и паднал на земја заедно со мотоциклот.

krazba2

Крадците успеале да го напуштат паркингот и да избегаат низ улиците на Лондон.

„Бев на крајот на паркингот кога ги забележав како си заминуваат со мотоциклот.  Исто така видов како испуштаат мало шише кое изгледаше како епрувета. Мирисот од епруветата дефинитивно беше од некоја киселина.“

Да ви го украдат мотоциклот воопшто не е интересна работа, а истото му се случило и на Ројал Џорданиан минатата година. Токму поради тоа, тој се одлучил да ја искористи својата популарност за оваа вест да стигне до пошироката публика.

Back To Top