22
Пет, Сеп
Вести од светот

Произведени 300 милиони Хонди за 65 години

Минатата недела фабриката за мотоцикли на Хонда одбележа јубилеј на кој можат да му позавидат сите останати производители. Хонда во својата фабрика Кумамото во Јапонија го произведе 300 милионитиот мотоцикл.

Следете нè на:

 

honda-300-milioniХонда го произведе 300 милионитиот мотоцикл

Минатата недела фабриката за мотоцикли на Хонда одбележа јубилеј на кој можат да му позавидат сите останати производители. Хонда во својата фабрика Кумамото во Јапонија го произведе 300 милионитиот мотоцикл. Се работеше за Honda Gold Wing, модел кој веќе следната година слави јубилеј сам за себе - 40 години производство на легендарниот туринг мотоцикл.

Хонда започна со производство на мотоцикли во 1949 година, кога во Јапонија беше претставен моделот Dream Type-D со зафатнина од 98cm3. Првата земја во која Хонда ги извезувала своите мотоцикли е Белгија во 1963 година. Денеска Хонда производството на мотори го има распоредено низ 32 фабрики во 22 земји.

Хонда стана популарна фабрика во раните 60-ти години со моделот Honda 50 позната и како Super Cub или Папаки. Моделот кој започна да се произведува во 1958 година, за само неколку години ја револуционизираше мото индустријата. Хонда од овој модел до сега има продадено неверојатни 90 милиони примероци!

Honda-fabrika300 милионитиот примерок на Хонда

Да ви доловиме колку многу мотори има Хонда произведено во својата 65 годишна историја, ќе направиме неколку споредби. Доколку ги наредите сите мотоцикли еден зад друг, тие ќе направат круг околу екваторот на Земјата, но не еден, 10.5 круга! Тежината на материјалите кои се искористени за произведените мотоцикли изнесува 45 милиони тони. Не заборавајте и дека се искористени најмалку 700 милиони гуми и 400 милиони литри моторно масло.

Претседателот на Хонда и извршен директор г-н. Таканобу Ито по повод јубилејот изјави: „Им благодарам на нашите клиенти и на сите луѓе кои се вклучени во развојот и продажбата на Хонда. Благодарение на нив стигнавме до неверојатната бројка од 300 000 000 примероци. Ние ќе продолжиме со изработката на мотоцикли кои ќе ги задоволуваат потребите на сите возачи, во секоја земја и регион во светот.“

 

comments

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

По минатогодишната успешна организација на големиот хуманитарен настан „Distinguished Gentleman’s Ride”,Скопје и оваа година ќе биде дел од истиот.

Возачите кои имаат постари мотоцикли знаат дека е многу тешко да се дојде до добри пневматици наменети за возење на тркачка патека бидејќи димензиите на бандашите на класините мотоцикли се различни со димензиите на добрите, модерни, тркачки пневматици.

Јохан Зарко вели дека целта му е освојување на место на подиумот на претпоследната трка која се вози во Европа за оваа сезона.

Мото клубот Вардар слави 39 години од своето формирање.

Валентно Роси одлучи дека ќе настапи на претстојната МотоГП трка во Арагон.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!