По неколку месечна потрага по соодветен модел, Герет случајно налета на Kawasaki Z440 и ја започна работата која траеше вкупно седум години.

После подолг период надвор од светот на мотоциклите, Герет Данс (англиски мотоциклист) посакал да најде нешто што ќе му го намали стресот и кое ќе го оттргне од секојдневната рутина. Тој одлучил да кастмизира мотоцикл.

По неколку месечна потрага по соодветен модел, Герет случајно налета на Kawasaki Z440 и ја започна работата која траеше вкупно седум години.

1 Z440

„Ми требаше нешто кое ќе ме оттргне од секојдневните грижи. Помислив дека ќе биде одлична идеја да направам нешто ново и затоа одлучив да направам мотоцикл. Неколку месеци ги гледав огласите и конечно најдов модел кој ми се допадна, Kawasaki Z440 од 1981 година. Мотоциклот има „parallel twin“ мотор со воздушно ладење и е многу сличен со мотоциклот кој го имав порано.“

Тој најпрво го расклопил целиот мотоцикл. „Сите делови детално ги разгледав. И покрај тоа што беа во одлична состојба за мотоцикл кој е стар 35 години, одлучив да заменам дел од работите.“

3 Z440

Ја скратив рамката на мотоциклот и заедно со задната вилушка ги обложив со специјално средство. Герет вели дека размислувал и на моторот да му даде нова боја но сепак се предомислил. „Ми се допаѓаше оригиналниот изглед и затоа одлучив да го оставам.“

Тој е задоволен од крајниот резултат. „Нема контрола на тракцијата, нема компјутер ниту пак ABS сопирачки. Тој е само еден добар, стар мотоцикл. Има мотор, тркала, рачки и место каде да седнете. Ми причинува задоволство секој пат кога го возам, а тоа е најважно нели?“

2 Z440

Back To Top