Вести од светот

Позитивни бројки за Ducati во 2017 година

И покрај намалената целокупна продажба на мотоцикли на пазарот, Ducati имаше раст во продажбата и поголеми бројки во 2017 година

Следете нè на:

 

2017 година беше добра за Ducati. Покрај тоа што ја имаа најдобрата сезона во Премиерната класа по 2009 година, компанијата соопшти дека имале и зголемување на продажбата низ целиот свет и покрај тоа што генералниот тренд на пазарот одеше во спротивна насока. Вкупно, компанијата продаде 55.871 единици, бројка која е малку поголема во споредба со 2016 година кога продадоа 55.451 мотоцикли. Покрај главните машини, широката понуда која ја има Ducati им помогна да стигнат до овие бројки.

Claudio Domenicali

„2017 беше уште една добра година за Ducati, како на комерцијален план така и на тркачки,“ изјави комерцијалниот директор Клаудио Доменикали. „До последната трка се боревме за титулата во MotoGP, постигнавме шест победи и го остваривме најдобриот успех по 2009 година. Постојаното подобрување на линијата како и креирањето на мотоцикли со врвен квалитет ни помогна да се развиваме и покрај проблемите со кои се соочува пазарот на мотоцикли. Им благодарам на сите кои допринесоа да го постигнеме ова.“

Во САД, најголемиот пазар на Ducati, продажбата се зголеми за 1,3 проценти во 2017 година и беа продадени нешто повеќе од 9000 мотоцикли. Во Аргентина пак продажбата беше зголемена за неверојатни 66 проценти. На пазарот во Азија беа продадени 5.805 промероци, а најголем раст имаше во Кина, односно 31 процент.  Во меѓувреме, на пазарот во Европа компанијата имаше раст од 4 проценти, односно беа продадени 31.123 мотоцикли. Ducati забележа раст од 28.3 проценти на пазарот во Шпанија додека пак во Италија, порастот изнесуваше 12 проценти, односно беа продадени 8.806 мотоцикли.

„И покрај тешкотиите на глобалниот пазар, успеавме да ја зголемиме нашата пазарна цена,“ изјави директорот за маркетинг на Ducati, Андреа Бузони. „Се проширивме, а и го консолидиравме пазарот во земји како што се Италија, Шпанија, Кина и Аргентина. Успехот во продажбата на моделите 299 Superleggera и 1299 Panigale R, го потврдува нашето лидерство во развојот на новата технологија. “

Ducati исто така успеа да продаде и 14.061 „scrambler“ модели. Покрај ова, тие успеаа да продадат и 500 примероци од моделите 1299 Superleggera чија што цена изнесува 80 000 евра. Како и секогаш, линијата „Monster“ покажа добри резултати. Од компанијата очекуваат растот да продолжи и оваа година со оглед на тоа дека неодамна го претставија долгоочекуваниот Panigale V4.

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!