По 20 години работа, Motorcycle USA ќе престане да постои на крајот на оваа недела.

По 20 години работа, Motorcycle USA ќе престане да постои на крајот на оваа недела. Оваа вест преставува шок за сите вклучени во индустријата бидејќи во Motorcycle USA можеше да се прочитаат најновите информации за индустријата, натпреварувањата и мотоциклите.

Веста се појави на Twitter, но сигурни сме дека тимот на MotoUSA наскоро ќе даде подетално објаснување на нивната интернет страна.

motorcycle usa logo

Подолу можете да го прочитате краткото соопштение на главниот уредник на Motorcycle USA.

Ова е тажна вест, но јас сум екстремно горд на се она што го постигнавме во изминативе години. Создадовме одлична екипа и направивме работи кои доволно говорат сами за себе. Исто така имавме и многу забава додека работевме. На моите сегашни и поранешни колеги им посакувам многу успех во иднина. Исто така им благодарам и на читателите за нивната поддршка низ годините. Ова беше едно неверојатно возење.

Искрено, ќе биде тажно оваа публикација да престане да постои. Без исклучок, во Motorcycle USA работеа некои од најдобрите луѓе во бизнисот. Убеден сум дека наскоро сите повторно ќе продолжат да пишуваат. 

Back To Top