28
Вто, Мар
Вести од светот

Паметниот визир на Samsung

Иако веќе е 2016 година, се уште не ми е јасно зошто не возиме мотоцикли кои имаат интегриран „heads-up “ дисплеј (HUD)?

Следете нè на:

 

Иако веќе е 2016 година, се уште не ми е јасно зошто не возиме мотоцикли кои имаат интегриран „heads-up “ дисплеј (HUD)?

Оваа технологија постои веќе неколку децении. Компонентите и дисплејот се достапни и лесно може да се наместат. Но сепак, ние се уште ги имаме стандардните визири за мотоцикли.

smart shieldКонцептот на Самсунг за дисплеј на визирот

Но од Samsung се надеваат дека ќе го променат тоа. Тие го претставија нивниот „Smart Windshield “ концепт.  Идејата е едноставна. „Smart Windshield “ ве поврзува со вашиот телефон преку посебна апликација и преку посебен систем на вашиот визир можете да гледате доколку имате повици, пораки или други работи. Од Samsung  сметаат дека со овој концепт ќе се подобри безбедноста но се чини дека се малку неискрени, иако сметаме дека има луѓе кои возат и пишуваат пораки на нивниот телефон во исто време.

Но сепак, се чини дека овој додаток е добар, особено за луѓето кои сакаат постојано да бидат поврзани или кои едноставно сакаат да знаат каде одат.

Во овој момент, „Smart Windshield“  е се уште само концепт но се чини дека компанијата се здружи со Yamaha Италија за понатамошна доработка на идејата. Времето ќе покаже како ќе се развива оваа идеја. Ние мислиме дека тоа е неизбежно. Што мислите вие?

comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!