Овој К100 за прв пат го забележавме кон крајот на 2016 година но овој пат решивме малку подетално да се занимаваме со него.

Со големо портфолио на изградени мотоцикли, Мајкл и Том од Titan Motorcycle, овој пат решија да додадат малку темна линија на рачно изработените алуминиумски делови. Основната машина го започна својот живот како редок, LT (Luxury touring) модел кој имаше поминато само 21,000 километри и кој беше во одлична состојба.

Titan BMW K100 Xavier 01

Прво беше заменета подрамката со нова, рачно изработена, и со помош на која мотоциклот може да стои исправено. Момците од Австрија комплетно променија речиси се околу моторот заедно со деловите околу задниот амортизер. На мотоциклот ставија и рачно изработено седиште на кое имаше специјална обвивка. Висината на мотоциклот исто така беше променета. Неговата тежина се намали за најмалку 40 килограми откако беа отстранети сите специјални туринг делови.

Електрониката беше значително намалена а „Motogadget m“ единицата презеде поголем дел од грижата за машината. Целта беше изгледот на мотоциклот да се оддржи што е можно почист и од таа причина сите кабли беа поврзани внатрешно.

Неговиот изглед е фантастичен а двојните LED светла му даваат на  K100 карактеристичен и препознатлив изглед. За крај, со цел мотоциклот да добие малку поагресивен изглед, му беа ставени и Continental TKC80 пневматици.

Back To Top