Вести од светот

MV Agusta во преговори со нови инвеститори

Според информациите кои ни пристигнуваат од Италија, MV Agusta преговара не со еден туку со тројца инвеститори кои би го презеле делот на Mercedes-AMG во компанијата.

Следете нè на:

 

Според информациите кои ни пристигнуваат од Италија, MV Agusta преговара не со еден туку со тројца инвеститори кои би го презеле делот на Mercedes-AMG во компанијата.

Како што веќе имаме кажано, MV Agusta се наоѓа во деликатна финансиска ситуација и веќе е нестабилна соработката меѓу Италијанскиот производител на мотоцикли и Германскиот автомобилски гигант.

MV Agusta  би сакала да ја прекине соработката со Mercedes, но во тој случај, Италијанската компанија ќе треба веднаш да го исплати долгот што го има.

За да дојде до разделба, на MV Agusta ќе и треба не само инвеститор кој ќе може веднаш да вложи пари туку и некој кој ќе може да го покрие долгот од 15 милиони евра кој ќе се активира откако Mercedes-AMG ќе си замине.

Според денешните информации, MV Agusta веројатно успеала да најде неколку заинтересирани странки. Според Италијанскиот весник  „Il Giorno “, MVAgusta е во преговори со три потенцијални инвеститори. Двајца се инвестициски фондови, а третиот е Италијански трговец.

Се претпоставува дека за да успее договорот, MV Agusta нуди поголем дел од својата компанија, односно не само 25% колку што имаше Mercedes-AMG, за сума помеѓу 25 и 50 милиони евра.

Сосема е можно извршниот директор на MV Agusta, Џовани Кастилиони, да понуди 49% од компанијата во обид да го собере потребниот капитал.  Според весникот, договорот би требало да се финализира до крајот на септември. 

Би можело да ве интересира

We, The Riders - Ние возачите, сме возачи од целиот свет. Имаме различни професии и изгледаме различно. Но имаме едно нешто кое не обединува:  Радоста додека возиме.

Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Можеби изгледа како застрашувачка визија за иднината, но роботот на Акрапович му овозможува на Словенечкиот специјалист за издуви да ги тестира своите производи на еден високо технолошки начин.

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!