19
Саб, Авг
Вести од светот

Motul и MV Agusta потпишаа договор за глобално партнерство

Легендарниот производител на мотоцикли и еден од најпознатите, MV Agusta, потпиша договор за глобално партнерство со една од најголемите компании за производство на лубриканти, Motul.

Следете нè на:

 

Договорот опфаќа употреба на широк спектар на производи на Италијанската компанија, плус прво полнење и оддржување на сите мотоцикли кои го носат ова престижно име.

Марко Баралди, генералниот менаџер на Motul Италија, зборуваше за новиот договор: „Со задоволство го објавуваме новото партнерство со легендарниот и престижен бренд, MV Agusta. Иновации, квалитет и перформанси се заедничките работи меѓу нашите две компании, а исто така ја далиме и пасијата за тркање. Воопшто не се сомневаме во ова партнерство.“

video mvagusta motul bigMotul и MV Agusta потпишаа договор за глобално партнерство

Претседателот на MV Agusta, Џовани Кастилиони, додаде: „Ова не е едноставно бизнис партнерство туку оддавање почит кон фундаменталниот додаток при процесот на производство на нашите мотоцикли. Мило ми е што оваа состојка го најде своето место кај нас.“

MV Agusta, која беше обновена во 2010 година од магнатот Клаудио Кастилиони, прави врвни машини како што се Brutale, F3 и F4. Главната состојка при производството на Agusta се емоциите, перформансите, брзината и неверојатниот дизајн, сите работи кои ги дели и Motul и кои ги има во новиот глобален договор.

Индустриско партнерство

Производствените капацитети на MV Agusta во Варезе, ќе користат производи од одделот за индустриски лубриканти на Motul, MotulTech. Овие високо технолошки лубриканти се развиени и произведени специјално за подмачкување на индустриска опрема како и за обработка на метали.

Во договорот е вклучено и снабдување на лубриканти за индустриско оддржување. Процесите во кои е вклучена обработка на метал ќе имаат голем бенефит од овие лубриканти.

Целта е да и се понуди на MV Agusta сеопфатно решение за целокупниот производствен процес. За секоја етапа од производството, Motul има соодветен производ.

Партнерство за прво полнење

Познати по својот квалитет, производите на Motul ќе бидат користени во сите мотоцикли на MV Agusta. Меѓу нив ќе биде и „Motul 7100 “,  100 процентното синтетичко моторно масло, како и течност за сопирачките.

Партнерство за оддржување

Производите на Motul ги има во повеќе од 90 земји ширум светот. MV Agusta ќе ги предложува производите на Motul на своите дистрибутери како резултат на ова партнерство.

Тркачко партнерство

Познати имиња и легенди како што се Џакомо Агостини, Џон Суртенс, Мајк Хеилвуд и Фил Рид се силно поврзани со името на MV Agusta.

Компанијата има долгогодишна пасија кон натпреварувањето, исто како и Motul. Со новиот договор, компаниите ќе соработуваат и во Светскиот Супербајк шампионат преку тимот на MV Agusta Reparto Corse. Леон Камиер ќе добие совети кои му помогнаа на Motul да освои неколку светски титули. Покрај него и Лоренцо Занети и Жил Клузел кои се натпреваруваат во Суперспорт категоријата, ќе имаат корист од оваа соработка.

Од првата трка во сезоната, MV Agusta 1000 F4 и MV Agusta F3 675 употребуваа производи од палетата на Motul, особено познатиот 300V лубрикант.

Motul и MV Agusta заедно ќе создадат нови легенди и ќе испишат ново поглавје во историјата на мотоциклизмот.

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!