Вести од светот

Моментот кога намерното паѓање се покажа како добра идеја

Ако веќе подолг период сте дел од светот на мотоциклите, тогаш сигурно имате запознаено некој возач кој тврди дека морал намерно да падне бидејќи ако не го направел тоа, ќе се здобиел со многу потешки повреди.

Следете нè на:

 

Ако веќе подолг период сте дел од светот на мотоциклите, тогаш сигурно имате запознаено некој возач кој тврди дека морал намерно да падне бидејќи ако не го направел тоа, ќе се здобиел со многу потешки повреди.

Генерално, ова е идиотска теорија. Доколку мотоциклот е исправен, барем ќе можеш да ги притиснеш сопирачките, да завртиш или во редок случај директно да преминеш преку препреката. Доколку скокнеш од мотоциклот, тогаш немаш никаква контрола каде би можел да завршиш.

20162F082Fbridge2

Прашај било кој искусен возач за ова и тој сигурно ќе ти каже дека таквите работи функционираат само на филмови. Сепак, изминатиов викенд, еден возач од Англија конечно доби легитимна причина за да го направи тоа. Тој избегна рушење на мост.

Настанот се случил на автопатот М20, јужно од Лондон. Еден камион, кој превезувал багер, се удрил во еден пешачки мост. Од ударот, мостот се срушил врз друг камион кој се движел веднаш зад првиот. А во истиот момент, мотоциклист се движел покрај вториот камион. Тој бил толку блиску до него, поради што еден од сведоците на настанот си помислил дека мостот се срушил врз него.

bridge

Но всушност, според други сведоци, возачот успеал да се фрли од мотоциклот и да се лизне во просторот меѓу мостот и автопатот. Мотоциклот се удрил во мостот, но возачот успеал да се излизга неколку метри подолу.

Возачот се здобил со неколку скршени ребра, но освен тоа немал други посериозни проблеми. Не е познато каква опрема носел на себе возачот, но сигурни сме дека бил добро заштитен.

Тој сега ќе има интресна приказна за раскажување, а ние му посакуваме брзо оздравување.

comments

Би можело да ве интересира

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Motul презентираше ново масло наменето за тркање, 300V²  10W-50, на најголемото мото шоу кое се одржа во Милано, EICMA.

Изненадување од MotoGP гаражите откако беше објавено дека Ливио Супо си дал оставка од Honda Racing Corporation (HRC).

Vespa Elettrica која беше најавена на EICMA е електричен скутер со кој ќе можете да поминете 100 километри со едно полнење на батеријата.

Offroad.mk со коментар за трката која се одржа крај Стенковец, дали 2' Оф Роуд Шоу Скопје 2017 навистина беше „успешна“ организација?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!