Само неколку мото настани во Светот ги спојуваат историјата, традицијата, издржливоста, технологијата и натпреварувањето, а „Isle of Man TT“ е една од нив.

John McGuinness Honda Racin

Само неколку мото настани во Светот ги спојуваат историјата, традицијата, издржливоста, технологијата и натпреварувањето, а „Isle of Man TT“ е една од нив. Токму затоа Мотул им се приклучува на стотици возачи, тимови, мотоциклисти и ентузијасти секоја година на една од нај возбудливите трки во Светот.

Партнерството помеѓу „Isle of Man TT“ и Мотул започнува пред 2010 година и трае веќе 6 последователни години во кои Мотул е именуван како официјален партнер за моторни масла.

Тестирањето на „патеката“ долга 60км започнува на 30-ти мај, кога 100+ возачи ќе се обидат да го совладаат теренот кој вклучува јавни патишта низ целиот остров. Самиот остров се наоѓа во Ирското море, помеѓу северо-западниот брег на Англија и Северна Ирска. Мотул како официјален спонзор има и брендирани свиоци на патеката, од кои по значајни се „Quarter Bridge“ и „Gooseneck“.

Благодарение на нашата соработка со Мотул, ќе имате можност да проследите ексклузивни фотографии од настаните на Островот, а до тогаш, уживајте во видеото кое на најдобар начин ја доловува атмосферата на една од нај возбудливите трки кои постојат.

Back To Top