Вести од светот

Крадец обил продавница за мотоцикли, вечерал па потоа украл мотоцикл

Многу често се случува крадците покрај тоа што ќе ви украдат скапи предмети, да украдат и некои други поевтини работи од вашиот дом. Сепак, се работи за бесплатна храна, нели. Оваа вест која ни доаѓа од Тајланд е токму таква. А како бонус, во целата приказна вклучени се и мотоциклите.

Следете нè на:

 

Според Тајландските медиуми, вечерта на 19-ти Април 2018 година, едно лице по завршувањето на работниот ден си го затворило дуќанот за поправка на мотоцикли во Панг Нга и како и секој друг ден си заминал дома. Но кога се вратил другиот ден видел дека му недостасуваат еден мотоцикл, пари и храна. На снимките од безбедносните камери тој забележал нешто навистина интересно.

a582a4a0fbff67d2af46047e63c37d91

Околу 18:30 часот претходниот ден, неидентификувано лице кое носело сина маица ја обил неговата продавница. Откако веќе влегол внатре, се чини дека заборавил што му била првичната цел. Оштетениот на полицијата им соопштил дека крадецот одреден период си седел на бирото, а потоа отишол во задниот дел на продавницата и се вратил со чинија полна со храна. Откако завршил со јадењето, крадецот ги измил чиниите, исчистил и продолжил со првичната цел за кој и дошол, да украде нешто.

kradec motori

Крадецот си заминал со 64 долари, Honda мотоцикл и неколку литри гориво. Целата кражба траела околу 30 минути, вклучувајќи ја и вечерата.

Сопственикот на продавницата на 23-ти април објави видео од кражбата во обид да го идентификува крадецот. Засега немаме информации дали е откриен извршителот на грабежот, би ги советувале сопствениците да ги заклучат своите продавници, а додека не биде откриен злосторникот внимавајте и на фрижидерите.

Би можело да ве интересира

„Можеме да се бориме за победа, но Хорхе и Марк исто така се добри на оваа патека. Затоа сметам дека воопшто нема да биде лесно“ - Андреа Довициозо.

Пред вас е Suzuki GSX-R1000 – Ryuyo, супербајк кој има 209 коњски сили и тежина од 167 килограми. За жал, од овој модел ќе бидат произведени само 20 примероци кои ќе имаат цена од 29.990 евра.

Марк Маркез призна дека добро се справува со периодот во кој нема постигнато ниту една победа во премиерната класа.

Можеби тоа е само земја на слободи во однос на полуавтоматските оружја. Но се чини дека во иднина жителите на Америка нема да имаат избор во однос на тоа каков мотоцикл ќе можат да купат.

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!