Една недела по „рикол“ кампањата кај повеќе производители заради сопирачките на Брембо, и Хонда со своја безбедносна закрпа, овој пат кај моделот Голд Винг, заради можни проблеми со воздушното перниче.

Од сите зборови кои не сакате да ги слушнете кога ќе дознаете дека некој модел ќе се повлече од пазарот, сигурно зборот „експлодира“ се наоѓа високо на таа листа.

Но токму ова го има кај моделот на Honda Gold Wing за периодот од 2009 до 2016 година. Според неодамнешната објава, кај мотоциклите кои се опремени со воздушно перниче, тоа може да експлодира.

Honda GoldWing GL1800 Airbag

Ова дел од серијата на повлекувања на мотоцикли кои имаат „Takata“ воздушни перничиња. Треба да се напомене и дека новиот 2018 Gold Wing има воздушно перниче, но тоа не е изработено од оваа компанија. Вкупно ова повлекување се однесува на само 960 единици, односно модели произведени во периодот 2009-2010 и 2012-2016. Сепак, ова е трето повлекување кое Honda го прави на моделот Gold Wing токму поради „Takata“.

Проблемот е што овие мотоцикли имаат воздушни перничиња кои се дел од целокупниот модул кој пак може да експлодира после долготрајно изложување на влажност или пак на високи температури.

За да ја поправи ситуацијата, Honda ќе им овозможи на сите сопственици на Gold Wing моделите бесплатно да ги заменат воздушните перничиња во овластените претставништва.

Back To Top