Секоја година се појавуваат голем број на прекрасни мотоцикли, но многу мал дел од нив ќе успеат да ги надминат концептите на  Husqvarna, Svartpilen и Vitpilen.

Според многумина, ова беа најочекуваните мотоцикли во 2017 година. Шведскиот прототип има неверојатен „neo-cafe“ изглед кои ги прави овие концепти едни од најубавите модерни мотоцикли кои некогаш се нашле во производство. Сега австрискиот дизајнер Максим Тувенин ги предаде клучевите на проектот Vitpilen.

jbareham 180222 2314 0045

Но пред да преминеме на него, ајде малку да зборуваме за она што ја мотивира Шведската компанија да произведува вакви мотоцикли. На еден или друг начин, Husqvarna постои уште од седумнаесетиот век. Во текот на својата историја, компанијата се занимавала со производство на оружје, машини за пишување како и машини за шиење. Во 1900 година компанијата започнува со производство на мотоцикли.

Во следните декади, компанијата создаде репуртација како производител на квалитетни оф роуд машини. Еден период компанијата дури и доминираше во оф роуд натпреварувањата. Сопствеништвото неколку пати се менуваше. Во 1987 година беше купена од страна на Cagiva, а во 2007 година премина во BMW. Во 2013 година, КТМ стана сопственик на Шведскиот бренд. КТМ одлучи да му ја додели одговорноста да дизајнира целосно нова продукциска линија на Тувенин, талентиран дизајнер кој е дел од познатото студио „Kiska Design“ кои пак соработуваат со КТМ уште од 1992 година. И покрај тоа што во текот на изминатиот период тие креираа некои навистина неверојатни модели, сепак задачата за ребрендирање на компанијата со цел привлекување на нови потрошувачи е прилично тешка.

Screen Shot 2018 02 25 at 4.17.15 PM

Иако тие веќе понудија модели како што се 650 Terra и Strada како и TE 310R, 449 и 511, од компанијата сакаа да имаат некој модел со кој компанијата ќе се пробие на пазарот на улични мотоцикли. Тувенин има искуство во големи компании па затоа кога се појави ваквата шанса, тој беше очигледниот избор.

И покрај тоа што Тувенин е искусен дизајнер, самиот проект е значително покомплексен и не е само едноставна изработка на нов мотоцикл. Тоа е така бидејќи овој модел треба да го дефинира идниот дизајн на компанијата. Плус, Тувенин мораше да се придржува до некои строги правила.

Мотоциклот треба да биде лесен за возење но истовремено и забавен. Мора да користи делови од КТМ и мора да има уникатни и оригинални работи. Цената на негово производство не смее да ја надминува цената која вообичаено изнесува за новите мотоцикли. А и да не заборавиме, како надополнување на сето ова, мотоциклот на крајот треба да донесе и профит на компанијата. Потоа на дизајнерскиот тим им беше кажано дека имаат краток временски период за да го спроведат сето ова.

Husqvarna Vitpilen 3 1280x479 copy

Првото нешто кое Туванин и неговиот тим го направија беше истражување на актуелниот пазар со мотоцикли. Внимателно забележуваа што е популарно и направија листа на стилови.

„Идејата беше да откриеме што е она што го имаше порано на мотоциклите, а кое им недостасува на денешните возачи. Во суштина, ние сакаме да им понудиме една алтернатива на она што во моментов го има на пазарот,“ вели Туванин.

Со оглед на тоа дека продажбата на мотоцикли на светско ниво е опадната, промената како и воведувањето на некој постар бренд беше навистина храбар потег од страна на КТМ. А за мотоциклот навистина да се истакне, и неговиот дизајн треба да биде нешто посебно. Husqvarna сакаше новите модели да бидат достапни и лесни за користење за новите возачи. Мотоциклите се доволно моќни за да бидат навистина забавни, а во исто време се одлични модели за сите оние кои прв пат се качуваат на мотоцикл. Покрај ова, мотоциклот е достапен и за сите оние кои имаат А2 дозвола.

После речиси една година работа, Туванин и неговиот тим ги претставија првите верзии на  Svartpilen и Vitpilen 401 за време на мото шоуто EICMA 2014. И двете верзии беа одлично примени од страна на публиката. Иако од Husqvarna не сакаа да соопштат дали моделите ќе се најдат во производство, вниманието кое го привлекоа овие мотоцикли јасно покажа дека пазарот има потреба од вакви модели. Краток период по завршувањето на шоуто, беше најавено дека верзијата 401 ќе се најде во производство во 2018 година.

Screen Shot 2018 02 23 at 2.19.05 PM

Следната година за време на оддржувањето на истото шоу, Husqvarna ја претстави новата, поголема Vitpilen верзија која го има истиот мотор кој има 75 коњски сили, течно ладење и 693cc кој го има и кај 701 Supermoto и KTM 690 Duke. Вниманието кое го привлече овој мотоцикл ги убеди одговорните луѓе во компанијата дека и поискусните возачи се заинтересирани за овие модели. Следната година Husqvarna го претстави Vitpilen 401 Aero концептот.

Покрај Aero концептот, за време на EICMA 2016,  Husqvarna најави дека два нови модели наскоро ќе се најдат во производство. Компанијата потврди и дека ќе понуди 125cc верзии на cafe-racer како и scrambler 401 модели. Со производство на овие помали модели, компанијата планира подобро да се позиционира на неколку пазари и да биде одлична опција за возачи кои немаат потребна дозвола да управуваат со мотоцикли кои имаат повеќе од 125cc.

Screen Shot 2018 02 23 at 2.26.54 PM

Како што можете да претпоставите, верзијата 125 ќе биде опремена со 125cc мотор со водено ладење кој го има и кај RC верзијата на КТМ како и  Duke 125 моделите.

Минимализмот, кој е основа на дизајните на Туванин е она што ги прави овие мотоцикли навистина импресивни. Овие мотоцикли не се само обична челична рамка која ја има истата шасија како и 390 Duke. Самите елементи кои ги има овој модел се навистина важни. Секој дел не само што е важен за функционирањето на мотоциклот туку и секој има специјална намена. Или како што зборуваше порано Стив Џобс, дизајнот не е само изгледот и чувството. Дизајнот е и самото функционирање.

Husqvarna concept bikes design 401 VITPILEN SVARTPILEN 15

Иако мотоциклот е дизајниран да биде што е можно поедноставен, тие сепак се опремени со модерна технологија. Моделите 401 и 701 се опремени со ABS сопирачки, ride-by-wire гас како и „slipper“ кумплунг.

„Ако го погледнете денешниот пазар на мотоцикли, можете да ги видите сите овие високо технолошки мотоцикли кои се навистина агресивни. Но многу често тие се премногу стилизирани,“ вели Тувенин.

Уште еден витален дел од планот беше дизајнирање на концепт кој нема да претрпи големи промени кога ќе се најде во производство. Иако ова го забави самиот процес на дизајнирање се чини дека целото чекање се исплати бидејќи продукциските верзии на 401 изгледаат премногу слично на оригиналниот концепт кој беше претставен пред четири години. Верзијата 701 претрпе некои значителни промени но сепак изгледа слично на оригиналот. Но и покрај големата блискост, Тувенин сепак вели дека се направени голем број на промени. „Всушност, не постои ниту еден дел кој е ист со оригиналот. Моравме да направиме неколку промени и заедно со развојниот тим работевме напорно за да го постигнеме ова,“ вели Тувенин.

Screen Shot 2018 02 26 at 10.23.49 AM

Svartpilen и Vitpilen 401 имаат тежина од околу 150 килограми. Се очекува да чини околу 5500 евра додека пак Vitpilen 701 ќе има цена од 10.500 евра. Засега не се знае цената на 125cc моделите. Од Husqvarna велат дека три модели ќе се најдат на пазарот во Европа почнувајќи од април 2018 година, а еден месец подоцна тие ќе бидат достапни и во останатите земји ширум светот.

Во однос на тоа кои се неговите омилени модели и што е потребно за да се создаде еден добар мотоцикл, Тувенин вели: „За мене Ducati Panigale е прав пример кога сите работи се на свое место. Инжинерингот, техничките решенија и дизајнот во вистинско време се соединуваат со цел да се создаде одличен мотоцикл. Ако само едно нешто од овие работи недостасува, тогаш ќе добиете само добар мотоцикл.“

Извор: rideapart.com

Back To Top