Вести од светот

Honda поднесе патент за нов мотоцикл

Возилата напојувани со хидрогенска батерија не испуштаат штетни гасови, а единствениот нуспроизвод е водата. Со нив исто така може да се помине и соодветен број на километри, а со едно полнење на батеријата можете да поминете неколку стотици километри.

Следете нè на:

 

Неодамна се појави еден патент од Honda кој покажува дека компанијата подготвува мотоцикл кој ќе се придвижува со помош на хидрогенска келија. Според скиците, се работи за модерен спортски мотоцикл кој ќе има превртена вилушка, „perimeter“ рамка и двојни светла. Она што е највпечатливо кај патентот е големата хидрогенска келија која се наоѓа веднаш под седиштето. Иако во моментов се уште не е познато кога мотоциклот ќе се најде на пазарот, новите цртежи кои излегоа од компанијата дефинитивно потврдуваат дека тој ќе стане реалност.

20182F032Fhonda patent drawings 827x510 41520327806

Honda во изминативе неколку години забрзано работи на хидрогенска батерија, а минатата година беше соопштено дека компанијата склучила соработка со Toyota и Nissan за заедно да работат на ваква технологија која ќе биде наменета за автомобили. Оваа информација се појави откако Honda веќе на пазарот го најави нешто што го нарекува „fuel cell electric vehicle“ или скратено FCEV. Ова возило за прв пат беше пуштено во 2008 година под името „Clarity“.

Возилата напојувани со хидрогенска батерија не испуштаат штетни гасови, а единствениот нуспроизвод е водата. Со нив исто така може да се помине и соодветен број на километри, а со едно полнење на батеријата можете да поминете неколку стотици километри.

Suzuki доби одобрение да започне со масовно производство на скутерот Burgman кој е опремен со хидрогенска батерија уште во 2011 година но се до неодамна тој не беше достапен за јавноста. Патентот на Honda ја носи оваа технологија еден чекор понапред, а работите кои ги содржи оваа технологија сигурно ќе привлече поголемо внимание отколку Burgman.

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!