Вести од светот

Honda и Yamaha започнаа разговори околу можна соработка

Honda Motor Co., Ltd. и Yamaha Motor Co., Ltd. денеска објавија дека двете компании започнале разговори околу можна бизнис соработка на Јапонскиот пазар. Соработката би се одвивала во категоријата „“Class-1 “, а во која се вклучени скутерите кои имаат зафатнина од 50cc и оние кои имаат електричен мотор.

Следете нè на:

 

Honda Motor Co., Ltd. и Yamaha Motor Co., Ltd. денеска објавија дека двете компании започнале разговори околу можна бизнис соработка на Јапонскиот пазар. Соработката би се одвивала во категоријата „Class-1“, а во која се вклучени скутерите кои имаат зафатнина од 50cc и оние кои имаат електричен мотор.

Како резултат на разновидноста на типовите на превозни средства за кратки релации, во кој се вклучени и велосипедите кои имаат електричен погон и мини- превозните средства,  пазарот за возила кои припаѓаат во категоријата „Class 1“, во изминативе неколку години постојано се шири.

yamaha honda collaboration

Покрај ова, компаниите се соочуваат со разни предизвици, меѓу кои се усогласување со стандардите за безбедност како и емисиите на штетни гасови.

Поради овие околности, Honda и Yamaha дојдоа до заклучок дека потребна е соработка за да се надминат овие предизвици. Според договорот, двете компании ќе соработуваат на Јапонскиот пазар во оваа категорија.

Class 1 категорија:  Категорија дефинирана од Законот за патни возила на Јапонија како „Возила кои се опремени со две или повеќе тркала и мотор кој има зафатнина од 50cc или електричен мотор со моќност од  0.60 kW или помалку.“

Главни работи за кои треба да се разговара во пресрет на соработката

1.Обезбедување на 50cc модели на скутери како ОЕМ (оригинална опрема на производителот)

Со рок до крајот на 2018 година, Honda ќе почне да и ги обезбедува 50cc скутер моделите на Yamaha како ОЕМ. Овие скутери се развиваат врз база на Honda TACT и Giorno, односно тоа се скутери кои од категоријата 50cc и кои Honda веќе ги продава во Јапонија. Yahama ќе ги продава овие модели како составни модели на Yamaha JOG и Vino.

2. Заедничка соработка/ОЕМ снабдување на следната генерација на 50cc бизнис скутер модели

Honda и Yamaha во моментов развиваат и продаваат во Јапонија бизнис скутер модели со зафатнина од 50cc. Меѓу нив се Honda BENLY и Yamaha GEAR. Двете компании ќе ја разгледаат можноста за заеднички развој и ОЕМ набавка од Honda кон Yamaha со цел производство на следната генерација на овие бизнис скутери.

3. Соработка за популаризација на електричните мотоцикли од „Class 1“ категоријата

Со цел да се популаризираат електричните мотоцикли во Јапонија, овие две компании ќе ја разгледаат можноста за соработка во однос на тоа да се постави основа за решавање на важни прашања кај електричните модели, прашања како што се времето потребно за полнење, перформансите и цената.

Преку оваа соработка, Honda и Yamaha ќе се обидат да го направат животот на луѓето многу подобар. Покрај ова, двете компаниии ќе работат и во насока на понатамошна ревитализација на Јапонскиот пазар на мотоцикли.

„Преку оваа соработка со Yamaha, ние ќе продолжиме да нудите производи од класата 1, односно производи кои ќе ги надминат очекувањата на нашите клиенти.  Ќе се посветиме и на ревитализација на Јапонскиот пазар на мотоцикли и ќе се обидеме да направиме пазарна средина која ќе овозможи популаризација на електричните мотоцикли,“ изјави Шинџи Аојама, оперативен директор на Honda.

„Веруваме дека нашите заеднички активности, кои ќе почнат со ОЕМ сојузот, ќе се развијат многу повеќе и ќе ја обликуваат иднината на мото културата во Јапонија,“ изјави Кацуаки Ватанабе, управен директор на Yamaha.

Би можело да ве интересира

Гран При трката која овој викенд ќе се оддржи во Остин би можела повторно во преден план да ги исфрли организаторите.

Постојат десетина фактори кои влијаат врз секоја индустрија и пазарот со мотоцикли воопшто не е различен. 

Прво, да му честитаме на Рускиот возач за доминацијата. Во десет дена колку што траеше настанот, на шест трки освои максимален број на поени, а исто така победи и на девет финалиња.

Во фабриката во Сан Марино ќе бидат креирани само 12 примероци од овој мотоцикл кој развива 230кс и кој тежи 154 килограми. Официјалното претставување ќе биде за време на мото шоуто во Монако кое ќе се оддржи оваа недела.

Чез Дејвис успеа да стигне до победа на втората трка која се возеше во Арагон и со тоа се искачи на второто место во шампионатот.

И покрај барањата од ривалите да се зголеми казната на Маркез после сударот кој го имаше со Роси, Пуиг се надева дека ќе има поинаква одлука, сега откако се смири ситуацијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!