Продавниците за продажба на мотоцикли од марките Honda и BMW се најдоа на највисокото место на студијата што ја објави „Pied Piper“.

Продавниците за продажба на мотоцикли од марките Honda и BMW се најдоа на највисокото место на студијата што ја објави „Pied Piper“. Оваа студија мери колку од продавачите на мотоцикли одговориле на прашањата што потрошувачите ги поставиле на интернет страните на компаниите. Резултатите беа рангирани преку „Pied Piper PSI “ процесот.

20162F092Fhonda motorcycle logo

„Pied Piper“ испратил прашање до 1757 продавници за мотоцикли и во пораката ги оставиле нивните податоци, email адреса и телефонски број. Потоа тие ги разгледале добиените податоци во однос на тоа колку одговори добиле во текот на 24 часа.

Според резултатите, перформансите се подобриле во споредба со изминатите години. На пример, во 2008 година, само 30% од продавниците одговориле во текот на 24 часа. Во 2013 година таа бројка се зголемила на 72% а во 2016 година изнесувала 89%. Тука мора да се напомене и дека софтверот за автоматски одговори многу почесто почнал да се употребува.

„Pied Piper“ откриле и дека 8 од 10 потенцијални клиенти најпрво детално разгледуваат на интернет за производот за кои се заинтересирани пред да отидат во локалната продавница.  Разговорот преку интернет страната на компанијата за кратко време ќе стане и прв контакт меѓу клиентите и компаниите.

Примери за други неодамнешни студии се „2016 Pied Piper PSI U.S. (лице во лице)“, која се однесува на мото индустријата и во која Ducati се најде на првото место, а преку интернет, во автомобилската индустрија, на прво место се најде Порше.

Back To Top