KTM и Husqvarna нема да ги произведат своите дво-тактни 125cc Ендуро мотоцикли во 2017 година.

Се чини дека новиот Европски стандард за емисија на гасови ја зеде првата жртва. KTM и Husqvarna нема да ги произведат своите дво-тактни, 125cc Ендуро мотоцикли во 2017 година.

Се чини дека ваквата одлука на KTM и Husqvarna се должи на тоа дека мотоциклите со новите промени нема да бидат финансиски исплатливи. За да се разбере ситуацијата, потребно е да се знае дека KTM и Husqvarna, овие мотоцикли претежно ги продава во Европа, најмногу во Франција, Шпанија и Италија.

2016 KTM 250 EXC

Во Европа овие мотоцикли се возат на јавни патишта и токму поради таа причина, на нив влијае новиот Европски закон. За жал, бројот на продадени мотоцикли, финансиски не ги оправдува промените што треба да се направат.

Оваа ситуација не е добра за KTM и Husqvarna бидејќи дво-тактните 125cc модели се наменети за помладата генерација. За да се надмине разликата, KTM и Husqvarna ќе го понудат овој модел во не-хомологирана верзија. Тоа значи дека ќе има 125cc дво-тактен оф-роуд модел кој ќе ги има сите потребни додатоци кои ги има кај стандардниот модел но ќе биде без држач за регистрацијата.

Можеби нема да ви биде јасно зошто некој би го купил овој модел кога можете да го имате MX моделот, кој можеби е и поефтин, но таква е ситуацијата во моментов со новиот закон за Еуро4 стандардот.

Back To Top