Легислативата на ЕУ за задолжителен АБС нема да се задржи само на моторите над 125цц.

yamaha 69655 2009 majesty400abs eur det 003

Легислативата на ЕУ за задолжителен АБС нема да се задржи само на моторите над 125цц.

Она што го започнаа Италијанците кон крајот на минатата година, Европската Унија го претвора во закон за сите земји членки. 

Според првичниот договор задолжителниот АБС систем за кочење се однесуваше на сите мотори со зафатнина поголема од 125цц, но според новиот договор кој веќе е ратификуван, помалите скутери не се исклучени од одлуката.

Законот кој стапува на сила во 2016 година во земјите членки на ЕУ, ги обврзува сите производители на своите мотори и скутери да постават „ABS“ системи за кочење. Единствената олеснителна околност кај скутерите, е тоа што можат да имаат ABS или CBS систем. Разликата е во тоа што CBS системот (Combined Braking System) ги комбинира системите за кочење, па со притискање на предната кочница, кочи и задното тркало. Од друга страна CBS системот ја нема улогата која ја има ABS и при кочење со него може да дојде до блокирање на тркалото.

Велиме олеснителна околност бидејќи цената на чинење на системот е помала отколку кај ABS системот, а со самото тоа и цената на скутерот ќе биде намалена. Прашањето е дали навистина CBS системот е побезбеден отколку сегашните сопирачки?

Европскиот парламент веќе го ратификуваше договорот, Советот на министри на ЕУ ја потврди одлуката и со тоа законот е веќе стапен на сила. 

Back To Top