Вести од светот

Ducati се подготвува за десетото издание на „World Ducati Week“

Во текот на изминатава декада, фановите на Ducati се собираа еден викенд во годината за да ја покажат нивната љубов кон брендот и неговите историски машини.

Следете нè на:

 

Оваа година компанијата закажа неколку активности кои ќе се оддржат на настанот кој ќе трае три дена. Меѓу нив се „Ducati Riding Experience“, трка на два мотоцикли како и уште многу други работи.

Целта на настанот е привлекување на новата генерација на возачи, а за таа цел организаторот воведе голем број на настани кои ќе го привлечат вниманието на помладата генерација. На пример, влезот ќе биде бесплатен за сите оние кои се помлади од 18 години додека пак за оние кои се помеѓу 18 и 25 години цената на картата ќе биде намалена за 20 проценти. Исто така ќе има и посебен дел наменет за најмладата публика. Оваа година исто така ќе се оддржи и настанот 2018 „World Ducati Week Garage“.

20182F032FScreen Shot 2018 03 30 at 8.49.41 AM

На настанот ќе се оддржи и натпревар за најбрзо склопување и расклопување на мотор како и „Heritage Bike“ натпревар. Во цената на билетот исто така е вклучена и посета на фабриката на Ducati, нивниот музеј како и нешто што се нарекува „Ducati University” и “Ducati Service”. Предвидена е и парада на која ќе настапат сите возачи, а исто така планирано е да се оддржи и Безбедносна академија како и Ендуро академија. Ова ќе им овозможи на возачите да соработуваат со професионални инструктори кои ќе им помогнат да ги подобрат нивните возачки вештини.

Меѓу другите работи кои ќе се оддржат се и меѓународното село, „Dragster“ шоу, како и неколку концерти. Од Ducati велат дека ќе се оддржат уште неколку настани кои ќе бидат најавени во следните неколку седмици.

Настанот ќе се оддржи од 20-ти до 22-ри јуни на патеката во Мизано. Членовите на „Ducati Owners“ клубот исто така ќе добијат намалување на цената на влезниците. Доколку се одлучите да присуствувате на настанот со вашиот мотоцикл, тогаш цената изнесува 95 евра додека пак за сите други посетители цената ќе биде 65 евра.

За повеќе информации посетете ја интернет страната на World Ducati Week. Доколку пак сакате да видите како помина настанот минатата година, погледнете го видеото во продолжение.

Би можело да ве интересира

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Мото клубот Конзули од Битола својот 8-ми мото собир ќе го организира на 11-ти август со почеток од 17 часот во ноќниот клуб Парадизо во Битола.

Автономното сопирање не е некоја новост во транспортната индустрија. Веќе неколку години автомобилите се опремени со вакви системи. Но во однос на безбедносната технологија, мотоциклите малку заостануваат.

Piaggio објави нова верзија на MP3 со значителни подобрувања на моделот 500 како и целосно нов модел 350.

Само што слушнавме една информација од Harley-Davidson која веруваме дека ќе сакате да ја знаете. Веќе подолг период има гласини дека компанијата со седиште во Милвоки планира да објави нешто поврзано со нејзината иднина.

На новиот модел алгоритмите на KTM, со помош на компјутер ги корегираат грешките на возачот. Само притиснете на сопирачките и мотоциклот ќе застане. Но што доколку возачот го фати паника и премногу силно притисне на предната сопирачка кога е веќе внатре во свиокот? Мотоциклот ќе се исправи и ќе застане.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!