Вести од светот

„Ducati“ почна соработка со „Hero“ за да креираат помали мотоцикли

Во обид да креираат мотоцикли кои ќе бидат дел од пазарот на модели со зафатнина од 300cc, Ducati најде пријател во Индија. 

Следете нè на:

 

Освојувањето на Индискиот пазар сега е дел од долгорочните планови на сите поголеми производители. А со цел да го направат тоа, компаниите кои се познати по своите моќни мотоцикли, сега мораат да креираат нешто што ќе ги задоволи барањата на жителите. Најновиот бренд кој ќе се вклучи на пазарот со помали мотоцикли би можел да биде Ducati со помош на Hero MotoCorp.

multistrada 770x433

Поголемиот дел од Јапонските производители веќе долго време владеат со овој пазар со оглед на големото искуство кое го имаат во 125, 250 и 300cc сегментите. За разлика од нив, другите компании, како што се Harley-Davidson и Ducati, досега воопшто не беа заинтересирани за помалите мотоцикли. Но тоа беше така се додека Индија не стана најголемиот пазар за превозни средства на две тркала. Нивната преференца сепак се помалите и поефтините модели.

Компаниите почнаа да ги забележуваат вредностите кои ги имаат помалите модели но со оглед на тоа дека досега не работеа во овој сектор, им треба мала помош. Harley-Davidson неодамна објави дека сака да склучи договор со компанија која ќе ги подучи како да креираат помали модели. А сега и Ducati одлучи да стане дел од овој пазар, а компанијата би можела веднаш да почне со производство со помош на Индиската Hero MotoCorp со кој веќе имаат остварено соработка.

Се до овој момент, Hero беше единствената Индиска компанија која не соработуваше со некој голем производител. Но така беше се до соработката со Ducati. Тие се очекуваат да бидат одговорни за развојот на нови платформи додека пак нивниот Европски партнер ќе биде одговорен за развојот на моторот. Слично како BMW G310R и G310GS и новата Ducati/Hero платформа се очекува да биде искористена за два модела. Тие ќе ги делат поголемиот дел од механичките компоненти, а во однос на изгледот, едниот модел ќе позајми делови од Scrambler, а другиот од Multistrada.

Од компаниите не сакаат да ја потврдат информацијата за нивната соработка но наскоро можеме да очекуваме и официјално соопштение.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!