Извештаите кои пристигнуваат од Италија ни ја потврдуваат веста дека Ducati и во иднина ќе остане дел од групацијата Volkswagen. 

Извештаите кои пристигнуваат од Италија ни ја потврдуваат веста дека Ducati и во иднина ќе остане дел од групацијата Volkswagen. Ова не треба да претставува големо изненадување со оглед на економската состојба на Ducati. Ваквата вест веќе внатре во компанијата ја потврдил и извршниот директор на компанијата, Клаудио Доменикали, а според други извештаи истото го направил и директорот на AUDI, Руперт Стадлер.

Heritage Ed D1920 Storia logo 01 logo Attuale 634x357 634x357

„Evercore Partners“, инвестициската банка која беше задолжена да ги собере понудите за „Ducati Motor Holding“ ќе престане да преговара со заинтересираните компании кои планираа да го купат Ducati. Ова исто така значи и дека компанијата ќе може да продолжи да се развива без да го има притисокот од тоа дали ќе биде продадена или не.

AUDI се обидуваше да добие околу 1.5 милијарди долари за Италијанската комапнија. Но се чини главниот удар во преговорите го зададе синдикатот на компанијата кој има половина од седиштата во бордот на директори во Volkswagen. Откако синдикатот се одлучи едногласно да каже не на преговорите, а другата половина од бордот беше поделена, продажбата на Ducati нема да се случи.

Back To Top