Вести од светот

Ducati ќе прослави 90 години постоење во 2016

Љубителите на Ducati ќе имаат одлична причина за прослава следната година бидејќи нивниот омилен бренд на мотоцикли ќе прослави 90 години постоење. Прославата секако ќе се совпадне со светската недела на Ducati.

Следете нè на:

 

WDW 2016 ќе биде 9-ти таков настан за Ducati и тоа го претставува најзначајното рели за сопствениците на Ducati. Настанот во 2016 година ќе се оддржи од 1-ви до 3-ти јули на патеката Марко Симончели во Мизано.

За да добиете идеја за што станува збор, ќе ви кажеме дека во 2014 година, овој настан собра рекорден број на гледачи. На него присуствуваа повеќе од 65000 учесници од 5 континенти. Љубовта кон Ducati тогаш ја споделија луѓе од САД, Русија, Индија, Исланд па дури и од Непал.

Фамилијарен бизнис кој прерасна во големо име

Приказната за Ducati започна на 4 Јули 1926 година, кога тројца браќа, Адриано, Бруно и Марсело Кавалиери Дукати, со помош на нивниот татко, ја создадоа компанијата.

Оттогаш оваа компанија стана важно име во мото бизнисот и за неа имаат работено некои од најпознатите инженери, дизајнери и возачи во мото светот.

Ситуацијата во Ducati се смени во 2012 година кога Германскиот производител на автомобили Audi, ја купи компанијата. Со помош на новите ресурси, Ducati постепено се развиваше и во 2015 година успеа да продаде 50 000 примероци, што претставува рекорд за компанијата.

Зголемувањето на конкурентноста исто така се забележа и во MotoGP, каде што новиот шеф на Ducati Corse тимот, поранешниот инженер на Aprilia - Џиџи Далигна, создаде мотоцикл кој го врати Ducati на подиумот по неколку неуспешни сезони.

Програмата за 2016 година ќе биде објавена малку подоца. Новите мотоцикли ќе имаат значајно место на овој настан. Следете не за да дознаете повеќе.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеше четвртата рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам, а младиот Христијан Бузалковски забележа уште еден одличен викенд зад себе.

Тимскиот менаџер Давиде Тардози вели дека тимот отсекогаш знаел дека новиот возач на Honda, Хорхе Лоренцо, во одреден момент ќе почне да победува

„Менувачот и издувот го прават излегувањето од свиок многу подобро. Токму тоа го баравме јас и Лоренцо“ - Данило Петручи

Израелската компанија „Ride Vision“ претстави систем кој му овозможува на вашиот мотоцикл да ве предупреди на можноста од сообраќајна несреќа.

2018 Vespa World Days заврши завчера во Белфаст. Следниот ваков настан ќе се оддржи во 2019 година во Унгарија

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!