На неколку мото веб портали кружи информација дека Габриеле Дел Торкио, извршниот директор на Дукати Мотор Холдинг, би можел да премине во Италијанската авиокомпанија Алиталија.

gfabriele-del-torchio-ducati zoom

На неколку мото веб портали кружи информација дека Габриеле Дел Торкио, извршниот директор на Дукати Мотор Холдинг, би можел да премине во Италијанската авиокомпанија Алиталија.

Ова се сеуште непотврдени информации но преминот на Дел Торкио би го означил крајот на едно големо поглавје во историјата на Дукати. Овие гласини за прв пат се појавија откако Ауди АГ го купи Дукати Мотор Холдинг од Инвестиндустријал. Веста можби не е изненадување но сепак може да се постават неколку интересни прашања.

За почеток, Алиталија е управувана од Роберто Коланино, кој се наоѓа на чело на Piaggio Group. Иако би било интересно да се види работниот план на Дел Торкио во компании како Aprilia и Moto Guzzi, неговиот талент во моментов се чини дека подобро одговара на предизвиците со кои се соочува Алиталија.

Доколку Дел Торкио го напушти Дукати, се поставува прашањето кој ќе го пополни неговото место. Дукати Корсе веќе е превземен од Бернард Гобмиер. Дали Германската компанија ќе го пополни испразнетото место со свој сонародник или на тоа место ќе постават Италијанец?

Дукати во моментов се трансформира од Европски бренд во глобален играч. Пазарите во Индија и Југоисточна Азија се исклучително важни за производителите на моторцикли. Можеби некоја личност од друга националност ќе го пополни испразнетото место?

Back To Top