Германскиот производител BMW Motorrad на почетокот на 2013 година се пофали со уште подобри бројки во однос на минатата година.
Германскиот производител BMW Motorrad на почетокот на 2013 година се пофали со уште подобри бројки во однос на минатата година.
2012 година е заокружена со пораст на продажбата за 2 проценти, односно вкупно 106.358 мотоцикли, а посебна гордост за марката е и фактот што најголем пазар останува Германија каде се продале речиси петина од мотоциклите (20.516).
Следуваат американскиот (12.100) и францускиот пазар (10.950), а изненадување е трендот на продажба во Бразил каде во 2012 година се продадени 7.442 производи на BMW.
Идентично како и последните години, најпродаван е ендуро моделот R 1200 GS кој бил продаден во вкупно 17.249 примероци, по што следуваат F 800 GS и R 1200 GS Adventure.
Големо влијание брз овие рекордни бројки имаше и продажбата на моделите на Husqvarna која минатата година продаде 10.751 мотоцикл, а на пазарот покрај мотокрос моделите, најдобро поминале Nude 900 и 900 R.