Вести од светот

„Бекфлип“-от на Маркез е лажен

Не сме сигурни дали во HRC знаат за ова видео или не, но можеме да го замислиме шокот на нивното лице кога ќе  го видат ова видео за прв пат. Да го видат нивниот главен MotoGP возач како прави вакви скокови, сигурно воопшто нема да им се допадне.

Следете нè на:

 

Традиционалното мотокрос возење е најчестиот тренинг што го имаат професионалните возачи. Но сепак, скоковите и слични други работи се строго забранети. Дури има и посебни клаузули во договорите на професионалните возачи.

marc marquez backflip 1„Бекфлип“-от на Маркез сепак е само шега

Ризикот од повреда е преголем. Оттука потекнуваат и строгите правила. Токму поради тоа е забавно ова видео, и покрај тоа што е лажно.

Оние кои го гледаат за прв пат, веројатно нема да го забележат делот каде реалноста е помешана со фикцијата. Но штом ќе ви кажеме кој е тој дел, работите ќе ви станат појасни.

https://www.youtube.com/watch?v=GhRbAnjzFO8

Во основа, ова видео е составено од два дела. И покрај тоа што изгледа како да е вистинско, откако мотоциклот ќе ја напушти рампата, гледаме друг човек како го прави скокот, со друг мотоцикл.

MM93 е на 4 тактен Honda мотоцикл, но мотоциклот кој е во воздух е дво-тактна машина со само еден ауспух. Го обележавме за да знаете точно што да барате. На спуштање, повторно го гледаме Маркез, кој е снимен од внимателно избран агол. Сигурно ќе забележите дека го има истиот мотоцикл како и на почетокот на видеото.

За оние што се прашуваат зошто Маркез би направил такво нешто, треба да знаете дека Каталоците на 28 декември го прославуваат „Dia de Los Santos Inocentes“, зимски еквивалент на 1-ви април. Исто како што прочитавте и дека Роси и Педроса ќе возат за Сузуки од 2017 година.

Би можело да ве интересира

На наш колега моторџија му е потребна помош, да се покажеме во вистинско светло во недела!

Викендов на патеката Орман во Скопје се вози третата и последна трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Фантастична борба за победата ја одбележа првата трка за ГН на Тајланд која му припадна на Марк Маркез.

Слободно можеме да кажеме дека новите модели кои ги прикажа Ducati за време на Intermot беа помалку резервирани.

За време на изложбите во Париз и Intermot, Honda го претстави новиот Super Cub C125 кој се очекува да се најде на пазарот оваа есен.

Не сите модели кои ќе ги видиме на Intermot имаат нова технологија, неколку мотоцикли за 2019 година добија само нова боја.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.