Вести од светот

Американците собираат пари за да го купат Дукати

Во последно време има многу гласини во однос на тоа дали Ducati е на продажба и кој би можел да биде идниот сопственик на легендарниот Италијански бренд. Речиси секој голем производител на мотоцикли во изминатиов период е поврзан со купување на Ducati Motor Holding. А сега можеме да додадеме уште една компанија на тој список, MotoCorsa.

Следете нè на:

 

Во последно време има многу гласини во однос на тоа дали Ducati е на продажба и кој би можел да биде идниот сопственик на легендарниот Италијански бренд. Речиси секој голем производител на мотоцикли во изминатиов период е поврзан со купување на Ducati Motor Holding. А сега можеме да додадеме уште една компанија на тој список, MotoCorsa.

l7kovgemovweo20j2od9

Токму така. Главниот дилер на Ducati во САД е дел од трката за нов сопственик на Италијанската компанија. Тие бараат поддршка од други сопственици на Ducati за да се соберат 1.6 милијарди долари кои би биле доволни за компанијата повеќе да не биде во сопственост на Audi AG. Ако сето ова ви звучи помалку неверојатно, тогаш сте во право. Но искрено, што очекувавте?

Во однос на идните сопственици на Ducati, идејата тие да бидат љубители на овој вид на мотоцикли ширум светот е добра за стабилноста и просперитетот на компанијата. Но тука се поставува и прашањето кои сопственици би имале корист од Ducati со оглед на нестабилното минато на компанијата.

Некои велат дека најдобрите години на компанијата беа под германска сопственост но многумина и не се согласуваат со ова тврдење.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека се разгледува идејата за радикална промена кај Yamaha со цел да се решат проблемите со кои се соочува тимот.

Moto Guzzi ја претстави новата спортска верзија на нивниот Moto Guzzi V9 Bobber кој сега ќе има поголеми тркала, единечно седиште и црн издув.

Оваа серија ќе се оддржува за време на петте Европски Гран При трки и ќе се потпира на тимовите кои се веќе дел од MotoGP гаражата.

Возачот на Kawasaki, Џонатан Реа ја постигна втората победа во текот на викендот на трката која се возеше во Портимао.

Веќе некое време знаеме за BMW R1250GS 2019 но денеска, благодарение на промотивното видео за прв пат имавме можност да ја видиме оваа машина.

Kawasaki објави детали за два нови модели со зафатнина од 125cc.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!