28
Пет, Апр
Вести од светот

Alpinestars и Dainese ќе одат на суд заради системот со воздушни перничиња

Технологијата на воздушни перничиња ја претставува иднината во поглед на безбедноста во мото индустријата.

Следете нè на:

 

Костумите во кои има вградено воздушни перничиња нудат ниво на заштита кое претходно го немаше во мото спортот.  Всушност тоа го нема во никоја друга индустрија. Резултатите од оваа технологија се веќе видливи, како во нашиот спорт така и меѓу потрошувачите. Бизнис делот од сето ова е неверојатно привлечен, особено за компаниите кои се занимаваат со оваа работа и ги патентираат нивните пронајдоци. Поради тоа, не би требало да не изненади информацијата дека Alpinestars и Dainese ќе одат на суд поради брендовите што ги имаат направено:  Tech Air и D-Air.

Колку што можеме да разбереме, Alpinestar ја започнал правната битка со тоа што пратиле писмо до Dainese, во кое ги обвинува дека употребуваат нивна технологија во Dainese D-Air продуктите.

Dainese во меѓувреме ги разгледале нивните патенти и решиле да поднесат тужба против Alpinestar во Германија и Италија, бидејќи тивниот Tech Air костум функционира користејќи алгоритам.  Dainese тврди дека го има патентот.

Alpineair replica suitThe Alpinestars Racing Replica

По брзата одлука на германскиот суд, Alpinestars мораше да ги отстрани Tech Air производите од германскиот пазар. Правната процедура во Италија се очекува да трае многу подолго.

Засега, се чини дека правната битка се одвива само на овие два Европски пазари. Alpinestars бавно ја шири оваа технологија на другите пазари па затоа има помалку места на кои се судираат нивните интереси.

Важно е да се напомене дека тужбата во Германија ќе влијае врз Tech Air костимите кои Alpinestars ги произведува за BMW Motorrad,  партнерство кое оригинално започна како соработка меѓу BMW и Dainese.

Резултатот од тужбата во Италија најверојатно ќе влијае и на останатите пазари низ светот. Можно е да има само еден производител на костуми со воздушни перничиња во светот.

Dainese Misano D Air RaceDainese Misano D Air Race

Тоа сигурно ќе биде добро за производителот кој ќе ја контролира оваа револуционерна опрема за безбедност.

Но сепак, тоа нема да биде добро за мото ентузијастите, бидејќи компаниите кои се монопол на пазарот не се толку популарни кај потрошувачите. Овие промени исто така може да предизвикаат проблеми и кај производителите, бидејќи ако не можат да вметнат воздушни перничиња во нивниот костум, ќе имаат проблем со возачите кои ќе бидат загрижени за нивната безбедност.

Ова е особено важно со оглед на тоа дека комесарот на Гран При трките планира овие додатоци да станат задолжителен дел од премиерната класа.

Како што можете да забележите, резултатите од оваа правна битка ќе имаат големи последици во мото индустријата. 

 

comments

Би можело да ве интересира

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Возачот на Movistar Yamaha, Маверик Вињалес вели дека се уште не знае која е причината за падот кој го спречи да се бори за третата победа по ред на трката во Тексас.

Тимот на Reale Avintia Ducati потврди дека го продолжил договорот со Италијанскиот производител и дека наредната сезона нивните возачи, Хектор Барбера и Лорис Баз, ќе настапат со GP17 машината. Со овој мотоцикл оваа година настапуваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!