Вести од светот

2017 Yamaha YZF-R6 ќе дебитира на INTERMOT

Во изминативе неколку месеци имаше индикации дека Yamaha се подготвува да претстави нов спортски мотоцикл. Моделот YZF-R1 за брзо време ќе наполни две години и ова е одличен период компанијата да претстави некој нов модел. Поточно, време е за Yamaha YZF-R6.

Следете нè на:

 

Во изминативе неколку месеци имаше индикации дека Yamaha се подготвува да претстави нов спортски мотоцикл. Моделот YZF-R1 за брзо време ќе наполни две години и ова е одличен период компанијата да претстави некој нов модел. Поточно, време е за Yamaha YZF-R6.

Се чини дека и Yamaha се согласува со ова. Денеска тие објавија видео од кое сепак не може да се добијат премногу информации. Единствено што можеме да видиме е како мотоциклист вози на патека за тркање. Но сепак, и звукот на видеото открива многу.  Од она што може да се слушне, станува збор за мотоцикл кој има неколку цилиндричен машина. Според нас, тоа е мотоцикл кој има четири цилиндричен мотор.

2017 Yamaha YZF R6 01

 Од ова можеме да заклучиме дека за многу кратко време ќе биде претставен нов супер спорт мотоцикл. Видеото завршува со ветување дека повеќе информации ќе добиеме на 4ти Октомври. Тоа е всушност првиот ден од INTERMOT шоуто кое се оддржува во Келн, Германија.

Ако нашите претпоставки се покажат како точни, вреди да се напомене дека Yamaha не му  дала на новиот R6 crossplane crank, како на моделот R1.  

Јапонската компанија оди дури и до таму да ги нарече своите дво цилиндрични и тро цилиндрични дизајни, за моделите FZ-09 и FZ-07, “crossplane engines”, во своите промотивни материјали- што пак од технички аспект, е точно.

Веројатното објаснување за недостигот од ваква конфигурација на  2017 Yamaha YZF-R6 би била за да се направи разлика меѓу овој модел и моделот YZF-R1.

Компаниите имаат голем проблем да ги продадат мотоциклите со зафатнина од 600cc бидејќи мотоциклите со зафатнина од 1,000cc се само малку поскапи а покрај тоа нудат многу поголема моќност и технологија.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа 6-та и 7-та трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Хорхе Лоренцо (Ducati) постигна победа на трката која овој викенд се возеше на патеката во Каталонија.

Откако го претставија дуал-концептот за време на мото шоуто во Милано во 2017 година, Moto Guzzi воопшто не трошеа време и го претворија овој концепт во реалност.

Макпетрол оваа недела овозможува попуст од 20% на новата опрема од италијанскиот производител A-Pro во слонот на Хонда во Скопје.

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Замислете си го времето кога мотоциклите ќе научат како ние функционираме и ќе се прилагодат на нашето однесување. Тоа го имаме денес.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!