Единствен начин да се разладите од жешкото време е да се провозите надвор од градскиот метеж, ние благодарение на Мото Азуро имевме прилика да го пробаме новиот макси скутер Yamaha X-Max 400.

Јамаха новиот X-Max 400 го најави како возило за 7 дена во неделата, од развозување низ градските улици, до викенд патувања. Според она што имавме прилика да го видиме, тие во целост ја исполниле својата замисла.

Изгледот на новиот X-Max ја следи надворешноста по која е препознатлива целата TMAX фамилија, софистициран изглед со модерна линија. Големиот визир ќе го држи ветерот над вашата глава, а бубачките нема да дојдат до вашите очи. Предницата е карактеристична по големите ЛЕД светла кои пред се ја зголемуваат видливоста, а со самото тоа и безбедноста на возачот. ЛЕД технологијата е присутна и на задното стоп светло, кое е одлично вклопено во изгледот на скутерот.

yamaha xmax 400 2015 7

Во сегментот на макси-скутери Јамаха се обиде да направи модел кој ќе се користи и како спортски но и како патнички скутер. Благодарение на ова X-Max има мазно и балансирано возење. Лесните алуминиумски бандажи се со димензии од 15 инчи за предниот и 13 за задниот, а она што не импресионираше веднаш беа кочниците. X-Max доаѓа од фабрика со двојни дискови напред со димензии од 267мм и единечен диск со истиот дијаметар на задната гума па не е ни чудно што пипкањето на кочниците значи моментално застанување. Всушност кочењето е толку добро што е потребно време да се навикнете на нежноста со која треба да ја притискате кочницата. Оние 211 килограми колку што тежи новиот модел воопшто не се проблем за одличниот кочионен систем на скутерот.

yamaha xmax 400 2015 10

Агрегатот кој го носи новиот X-Max има зафатнина од 395ццм, четворотактниот мотор со водено ладење развива 31кс кои се осеќаат при навртување на рачката за гас. Забрзувањето е одлично, всушност кога ќе го споредиме со она на X-Max 250 кој имавме прилика да го возиме минатата година, можеме слободно да кажеме дека е двојно подобро. Возењето до Водно и до Козјак со сопатник и нагорнините кои ги нуди патот воопшто не се пречка за моќниот агрегат. Јамаха направи скутер кој има одличен сразмер на силата во однос на тежината. 

yamaha xmax 400 2015 2

Единствена „маана“ која можевме да ја најдеме беше тврдата амортизација за скопските улици. За среќа со едноставно подесување на задните амортизери го добивме она што го сакавме, удобно возење по дупките и скутер кој „спие“ по кривините. Просечната потрошувачка е на прифатливо ниво од 4 литри на 100км, а со бројните додатоци кои можат да се нарачаат за скутерот можете да го претворите во патничко возило за било која дестинација.

Примерокот кој го возевме ни остави одличен впечаток, макси скутерот е достапен во салонот на Мото Азуро, овластениот застапник на Јамаха за Македонија по цена од 5.980 €

Во продолжение и целосната спецификација за X-Max 400 2015

Мотор: Еден цилиндар, водено ладење, четворотактен, DOHC
Зафатнина: 395 cc
Bore X Stroke: 83.0 mm X 73.0 mm
Компресија: 10.6 ± 0.4 to 1
Моќност: 23.18 KW при 7,500 Rpm
Вртежен момент: 33.88 Nm при 6,000 Rpm
Систем за подмачкување: Wet Sump
Систем за гориво: Инџекшн
Палење: ECU
Стартер: Електричен
Пренос: V-Belt Automatic
Предна суспензија: Телескопски вилушки
Преден од: 110 мм
Задна суспензија: Unit Swing
Заден од: 110 mm
Предна кочница: Хидрауличен двоен диск, 267 mm
Задна кочница: Хидраулилен единечен диск, 267 mm
Предна гума: 120/70 R15
Задна гума: 150/70 R13
Должина: 2,190 mm
Ширина: 780 mm
Висина: 1,385 mm
Висина на седиште: 785 mm
Меѓуоскино растојание: 1,565 mm
Висина од земја: 105 mm
Тежина: 211 kg
Резервоар: 14.0 Liters
Бои: Absolute White, Matt Grey, Midnight Black
Back To Top