27
Пон, Мар
Тестови

Возевме: Ducati Monster 821 2015

Следен мотор кој го добивме на тест благодарение на овластениот увозник за Македонија – Динамикс беше новиот Ducati Monster 821.

Следете нè на:

 

monster 2015 1Наш тест: Ducati Monster 821

Следен мотор кој го добивме на тест благодарение на овластениот увозник за Македонија – Динамикс беше новиот Ducati Monster 821.

По откривањето на новиот Ducati Monster 1200, следен потег на фабриката Дукати беше да извади нов модел на веќе постоечкиот Ducati Monster 796 односно новиот Ducati Monster 821. Овој модел всушност е помал брат на веќе познатиот Ducati Monster 1200.

Тој ја носи истата шасија од Monster 1200 само со помал мотор, веќе докажаниот 821cc Testastretta11° кој веќе се вградува на последниот модел на Hypermotard. За разлика од Hypermotard–от, машината на Monster-от има 2кс повеќе односно 112кс при 9250rpm благодарение на поголемата кутија за воздух, различниот издувен систем и новиот ECU.

Друго што е идентично на овој модел со поголемиот модел на Monster 1200 е електронскиот пакет кој доаѓа во три мода: спорт, туринг и урбан.
- Под спорт на располагање ги имате сите 112кс, рачката за гас е премногу осетлива, а нивото на АБС и контролата против пролизгување е на најмало ниво.  
- Под туринг на располагање повторни ги имате 112кс но овој пат кога ќе ја свртите рачката за гас моторот не реагира толку брзо, се однесува по пријателски. Нивото на АБС и системот за пролизгување се на повисоко ниво па во овој мод дури и подигањето на задното тркало за време на кочење не е возможно. Разликата во вртење на рачката за гас помеѓу овој мод и спорт не е многу голема. Всушност овој мод е направен за поголема сигурност кај возачите кои го управуваат овој мотор.
- Третиот мод кој го има овој мотор е урбан. Самото име си кажува се. Овој мод е ставен за кога возите низ град. Силата на моторот се намалува на 75кс, а со тоа и е многу полесен за управување низ градскиот метеж. Рачката за гас уште по меко реагира, а нивото на ABS и системот против пролизгување е на највисоко ниво. Вистински погодок од Дукати за градскиот метеж. Надвор од гужвата и колоните овој мод делува ужасно досаден за оние кои веќе возеле поголем мотор.

Друго што е исто со поголемиот брат кај овој модел се кочниците. Напред има две Brembo M4-32 шапи со по 4 клипчиња по шапа и два 320мм дискови, додека позади има една шапа со две клипчиња и диск од 245мм. Кочниците се на највисоко ниво, дури на моменти и застрашувачки јаки но затоа во секое време го имате АБС системот кој доаѓа како стандарна опрема.

Тоа што е различно од поголемиот модел на Monster, е тоа што овој не ја носи стандарно препознатливата задната моно вилушка за Дукати. Со тоа и му е намалено меѓуоскиното растојание кое изнесува 1480mm за разлика од поголемиот брат на кого му изнесува 1511mm правејќи го полесен и побрз за управување заедно со Pirelli Rosso II гумите кои се изработени специјално за овој модел со димензии 120/70 – 17 напред и 180/60 – 17 позади.

Напред има 43мм пушки од марката Kayaba кои не се штелуваат. Додека назад има еден амортизер од марката Sachs кој се штелува. Доколку навистина почнете да го возите агресивно предницата делува како мека но сепак треба де се земе во обзир дека овој е урбан мотор и е направен за гратскиот метеж, а не за тркачка патека.

Резерварот е исто така земен од Monster 1200 и сега изнесува 17,5 литри и е зголемен за 4 литри за разлика од стариот модел.
Во споредба со стариот модел рачките кај новиов модел 821 се подигнати за 40мм и доближени се накај возачот за исто толку. Со ова позицијата на седење е многу по пријатна.

Она што е интересно за овој модел е тоа што седиштето се поднесува од 785мм па се до 810мм. Ако сте пониски и повторно не можете да допрете целосно со нозете на земја тогаш од Дукати може да нарачате пониско седиште или доколку сте повисоки можете да купите повисоко седиште.

Тоа што не ни се допадна кај овој модел е тврдата задна кочница и додека моторот е ладен навистина е тешко да го ставите во лер. Но и покрај се ние уживавме во тестирање на овој модел. Вистински погодок од Дукати за градскиот метеж кои ги задоволува критериумите за возачи почетници, а и за оние поискусните.

Моделот Ducati Monster 821 2015 може да се купи од Динамикс за цена од 10.790 евра.

comments

Би можело да ве интересира

Се чини дека асфалтот повеќе не е доволен за Mugen па Јапонската компанија склучи договор со Honda за да произведе електричен мотокрос.

Со победи во категоријата на спортски мотоцикли, туринг/спортско-туринг мотоцикли, „crossover“, класична категорија како и со освоени три втори и две трети места, BMW постигна уште еден импресивен резултат на деветнаесетото гласање за мотоцикл на годината.

Новата сензација во МотоГП, возачот на Јамаха тимот Маверик Вињалес на најдобар можен начин ја започна сезоната откако дојде до првата победа на трката која се возеше на патеката Лосаил во Катар.

Валентино Роси го започна MotoGP викендот во Катар со освојување на деветото место на првиот слободен тренинг. На крајот тој заостана 1.483 секунди зад тимскиот колега Маверик Вињалес.

Хорхе Лоренцо призна дека нешто треба да се промени откако за време на првиот слободен тренинг откри дека на мотоциклот не му одговара меката задна гума

„Среќен сум. Најважното нешто е да се подобруваме секој ден“ – Марк Маркез

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!