28
Сре, Јун
Тестови

Прво возење: SWM Gran Milano 440

Благодарение на увозникот на SWM за Македонија, фирмата Максима, имавме прилика да присуствуваме на Светската презентација и тест возење на новите модели во Италија.

Следете нè на:

 

Благодарение на увозникот на SWM за Македонија, фирмата Максима, имавме прилика да присуствуваме на Светската презентација и тест возење на новите модели во Италија. Скептични за самиот бренд кој е релативно непознат на нашите простори, по забелешката дека ќе биде проблем да се пробие на пазарот веднаш бевме „искарани“ од нашите италијански колеги кои очигледно добро го познаваа брендот. 

SWM top i

Станува збор за Италијанска компанија која своевремено била една од водечките во италијанскиот ендуро сегмент. За жал компанијата не успеала да опстои па била затворена. Новиот сопственик од Кина го купува брендот и ја купува фабриката на Хускварна во Варезе, заедно со моделите кои се преостанати и целокупната документација. Оттаму и сличноста, всушност станува збор за истите модели на Хускварна, со нови бои.

SWM од тогаш развива и нови модели, како што е Gran Milano 440 кој имавме прилика да прв го возиме.

swm road 01670

Ако се сеќавате на осумдесетите години од минатиот век и тагувате по Honda XBR500 or Yamaha SR500, тогаш вие веројатно сте целта на SWM Gran Milano. Овој модел е опремен со мотор со зафатнина од 445cc кој има воздушно ладење. Моторот очигледно му должи нешто на XBR но исто така има и вбризгувач на гориво за да биде во согланост со Euro 4 стандардот.

mg 7982

Шасијата е интересна мешавина на ретро и модерен стил – челична, двојна, шок рамка која има менувач со пет брзини, но има и прилагодлива USD вилушка како и врвни Brembo предни дискови. Кога ќе се качите на него се чувствувате удобно. Држачите за нозете се доволно високи, а како дел од мотоциклот доаѓа и двојното седиште заедно со држачи за рацете.

mg 7968

Возењето е беспрекорно и изгледа исто како кај мотоциклите од осумдесетите години. Не е многу добар при 3000rpm, но свртете ја рачката на 4000rpm и возењето ќе биде многу поудобно.

Моторот обезбедува линеарна моќ се до 8800rpm. Кога ќе надминете 5000rpm започнуваат да се чувствуваат вибрациите но и покрај тоа управувањето е лесно.

mg 8045

Golden Tyre GT260 има чудна шема но сепак добро се држи. И покрај тоа што управувањето е тешко при помала брзина, штом ќе забрзате тоа се подобрува. Дизајнот е фантастичен, амортизацијата е на висина на задачата, а сопирачките се одлични што го прави целиот пакет вистински избор во однос цена/вредност.

Гран Милано 440 во Максима доаѓа со 2 години гаранција и цена од 5.290€

mg 8048

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!