Дизајнирани за брзо возење, Rosso Corsa II претставува замена за осумгодишните Rosso Corsa и се главен ривал со Michelin Power RS и новите Dunlop Sportsmart TT. Нив можеме да ги сместиме помеѓу Rosso III спортските пневматици и тркачките Super Corsa SP.

Голем дел од спортските пневматици се добри за возење на тркачка патека додека пак некои пневматици наменети за тркачката патека се добри и за на улица. Но откако ги тестиравме новите Pirelli Diablo Rosso Corsa II на улиците во Јужна Африка како и на патеката Кулалами во близина на Јоханесбург, ни стана јасно дека овие гуми се одлични и за двете подлоги.

pirelli diablo rosso corsa ii

Дизајнирани за брзо возење, Rosso Corsa II претставува замена за осумгодишните Rosso Corsa и се главен ривал со Michelin Power RS и новите Dunlop Sportsmart TT. Нив можеме да ги сместиме помеѓу Rosso III спортските пневматици и тркачките Super Corsa SP.

И покрај намалената продажба на спортски мотоцикли, популарноста на овој вид на пневматици е во пораст и се повеќе возачи своите мотоцикли ги опремуваат со нив.

Rosso Corsa II навистина не импресионираа додека ги возевме на улица и комплетно го трансформираа BMW S1000R. Го направи возењето многу полесно и поживо но во исто време ја задржи и стабилноста. Агилноста е благодарение на новите предни и задни профили кои се поостри на врвот за подобро управување и порамни кон краевите за подобар контакт со површината, исто како и кај тркачките пневматици.

 AC31037

Доколку го навалите мотоциклот, тогаш ќе дојдетете до „slick“ делот од гумата која е создадена од истото SC3 соединение кое можете да го најдете и кај тркачките пневматици на Pirelli.

Средниот дел од пневматикот е создаден од поцврсто соединение. Овој дел е направен од 100% силикат, а тоа е и главниот дел кој овозможува поголема стабилност при возење на влажни услови. По средина на пневматикот има линија изработена од цврсто соединение и чија што главна намена е поголема стабилност и издржливост.

Предниот пневматик кој е изработен од двојно соединение е мек по страните но тврд по средината. Новата шара има 2% повеќе „grooves“ отколку Super Corsa.

Оригиналните 2010 Rosso Corsa беа едни од најдобрите пмневматици во својата класа но тие никогаш немаа потреба да се справуваат со моќните спортски мотоцикли кои ги имаме денеска. За среќа, Corsa II може лесно да се справи со се што ќе и се испречи на патот без разлика на тоа дали ги возите на тркачка патека или по улица, на суви или пак на влажни услови.

 AC31704

Стабилноста на предното тркало е беспрекорна, а задното тркало ќе можете да го лизгате на патеката но само ако вложите голем напор за да дојдете до тоа. Чувството кога ги возите овие пневматици е одлично и после еден ден возење на тркачата патека не може да се забележи никакво оштетување.

Според Pireli, за време на нивните приватни тестови било постигнато време кое е за 2 до 3 секунди побрзо отколку со постарата верзија на пневматиците. Покрај тоа, мотоциклот може повеќе да се навали, а исто така е добиена и поголема брзина во свиоците. Надвор од патеката, покрај дополнителната агилност и стабилност, новите пневматици нудат спортско возење, а покрај тоа и лесно се загреваат.

Pirelli Rosso Corsa II ќе бидат достапни во големина од 17 инчи. 120/70 напред додека пак задните ќе бидат во опсег од 160/60 па се до 200/60 кои се наменти за Panigale V4.

Во Македонија пневматиците на Пирели можете да ги набавите во СкајМото Тел. 02/317-2462.

Оние возачи кои се повеќе заинтересирани за возење само на тркачка патека сигурно ќе се одлучат за пневматици изработени од специјално соединение додека пак возачите кои повеќе сакаат да возат на улица, сигурно ќе се одлучат за спортските или пак спорт-туринг пневматиците. Доколку не возите на тркачка патека и по улици, тогаш новите пневматици на Pirelli се перфектни за вас.

Извор: MCN

Back To Top