30
Чет, Мар
Тестови

Наш тест: TVS Apache 150

tvs_mmm.jpgИндиската фабрика TVS во моделот Apache 150 всушност крие Сузуки машина. Со мотор направен по лиценца на челниот производител од големата јапонска четворка, Apache е вистинскиот одговор за градскиот метеж и неподносливите летни горештини.

Следете нè на:

 

Индиската фабрика TVS во моделот Apache 150 всушност крие Сузуки машина. Со мотор направен по лиценца на челниот производител од големата јапонска четворка, Apache е вистинскиот одговор за градскиот метеж и неподносливите летни горештини. Се работи за мотоцикл со брзини кој е едноставен и лесен за управување како скутер.

tvs_1.jpgtvs_1.jpg

Овој модел е одличен избор за почетници, бидејќи како што споменавме лесен е за управување и не бара посебен ангажман од возачот, но Апачето ќе го видите низ градските улици управуван и од искусни мотоциклисти кои едноставно сакаат да го прескокнат загревањето на моторот, чекањето во ред со автомобилите заради робусноста на големите мотори и се разбира за да заштедат некој денар на бензин.

Кај апачето до израз доаѓа и големиот фар по кој лудуваат индијците. Кога сме кај штедливоста, да споменеме дека увозникот Максима во промотивните материјали го промовира како најекономичен мотор со брзини (Скопје-Охрид-Скопје за 450 денари), што и се потврди на нашиот тест. Со 16 литри, капацитетот на резервоарот е навистина голем со оглед на малата потрошувачка која ја има моторот, а резервата од 2.5л е доволна да ве донесе до било која бензиска станица.

Апаче 150 всушност носи машина од 147,5 кубни центиметри со воздушно ладење, развива 10 киловати (13,5кс) со сила од 12.30 Nm при 8500 вртежи во минута. Сепак овие бројки го добиваат вистинското значење кога ќе ја видите сказалката од брзинометарот на 120км/ч.

Саухот не застанува сам во вклучена позицијаЕлектричниот стартер на моторот функционира беспрекорно кога моторот е загреан, или пак кога времето е топло. Наутро ќе треба малку да се помачите додека со левата рака го држите притиснат саухот (не се задржува сам во вклучена позиција) и рачката на спојката истовремено, а со десната го притискате стартерот.

Тоа што ни пречеше кај овој модел се вибрациите кои се чувствуваат при возење на моторот. Вибрации кои се карактеристични за евтини кинески скутери но не ги очекувавме на ваков мотоцикл.

Изгледот на моторот потсеќа на останатите индиски модели на мотори Изгледот на мотоциклот потсетува на останатите индиски модели на мотори, со карактеристична висина и меѓуоскино растојание од 1260мм, со големи фелни и тенки гуми: 90/90-17 напред и 100/80-18 позади; како и задолжителниот простор за багаж. Кај Apache до израз доаѓа и големиот фар по кој лудуваат Индијците.

Сопирачките потешко ја поднесуваат тежината на моторот од 136кг, со преден диск од 240мм и заден барабан од 130мм потребно е секогаш да оставите доволно простор пред вас за кочење.

Суспензијата е прилично добра за ваков тип на мотор, напред се поставени телескопски вилушки од 105мм, а опашот го крепи гасен моно амортизер "MIG".

Репортажата можете да ја најдете во најновиот број на "AutoFocus"

За крај, со цена од 1700 евра, апачито е одличен избор за оние кои за прв пат се сретнуваат со моторите на брзини, или пак како втор мотор кој би се користел за секојдневно градско возење.

Фото: Кристијан Ивановски

comments

Би можело да ве интересира

Ендуро тим - Водно Скопје во Капитол Мол ги претстави возачите кои ќе настапуваат за нив оваа сезона, Игор Спиров - Зизи и Христијан Бузалковски.

Во последно време мото индустријата се фокусира да им понуди нешто ново на возачите кои се од милениумската генерација. Но тие не се најмладите возачи. Сега ни доаѓа генерацијата „Z“.

Јохан Зарко за кратко време премина од херој во трагичар во својата прва трка во премиерната класа. Пред да падне, тој беше лидер во првите шест круга.

По 4 години поминати низ светот на мотоцикл, Ивана Чолаковска и Мануел Торес во сабота се враќаат во Скопје.

Иако за Јапонскиот производител тој е повеќе еволуција отколку револуција, Yamaha R6 е  одлична машина која сакаме да ја споделиме со вас денес.

Со произведени неколку милиони примероци од нејзиното прво претставување, дури и денес можете да најдете постар модел од овој мотоцикл по солидна цена. Но доколку ја сакате конкретно оваа Веспа, тогаш ќе мора да издвоите повеќе од 150 илјади евра.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!