Тестови

Наш тест: Qingqi QM200GY

quingqummm.jpgQM200GY е супермото модел на кинескиот производител QINGQI, карактеристичен и познат по својата издржливост. За разлика од останатите кинески мотори, за Qingqi  нема да најдете хорор натпис на некој мото форум, или пак да слушнете дека во возење на некого му се откачиле рачките.

Следете нè на:

 
За разлика од останатите кинески мотори, за Qingqi  нема да најдете хорор натпис на некој мото форумЗа разлика од останатите кинески мотори, за Qingqi нема да најдете хорор натпис на некој мото форум
QM200GY е супермото модел на кинескиот производител QINGQI, карактеристичен и познат по својата издржливост. За разлика од останатите кинески мотори, за Qingqi  нема да најдете хорор натпис на некој мото форум, или пак да слушнете дека во возење на некого му се откачиле рачките.

Изгледот на моторот е одличен, делува моќно и брзо, и навистина го привлекува вниманието на минувачите. На прв поглед ретко кој ќе познае дека станува за кинески мотор од 200цц.

Изгледот на моторот е одличен, делува моќно и брзо, и навистина го привлекува вниманието на минувачите. Изгледот на моторот е одличен, делува моќно и брзо, и навистина го привлекува вниманието на минувачите.

Со своите 15кс, брзината ја покажува само при висок вртежен момент. Над 6000 вртежи во минута се осеќа влечењето на моторот значително повеќе отколку од самиот старт, па за возење на едно тркало ќе треба добро да се помачите.

Со своите 15кс, брзината ја покажува само при висок вртежен момент. Доколку сакате да добиете на почетна брзина ќе треба да ги засукате ракавите и да го извадите катализаторот кој е наместен на издувот во близина на главата на моторот, а со промена и на карбураторот од стандардниот 28мм на 32, ќе добиете дополнителни 6кс кои значително ќе ги подобрат перформансите на моторот. Она што е интересно е дека на моторот можете да вградите добар дел од деловите на Suzuki DR200SE :)

Стоп светло со лед диоди Во фабриката се потрудиле околу деталите на моторот, па веднаш ќе ги забележите панцир цревата наместо стандардните, a воочливи се и предните "Upside-down" вилушки. Амортизацијата е толку добра што не треба да ве чуди доколку видите на некој семафор како некој се "клацка" на Quingqi. Преден и заден кочионен диск позајмен од Кавасаки, како и стоп светло со лед диоди. На инструмент таблата е поставен дури и индикатор за брзината, корисен мал додаток кој не можете да го најдете на многу Јапонски мотори, но за жал нема да најдете индикатор за бензинот, односно сијаличка која ќе светне кога ќе останете на резерва.

На инструмент таблата е поставен дури и индикатор за брзината, корисен мал додаток кој не можете да го најдете на многу Јапонски моториСреќна околност е што моторот има резервоар од  10 литри, а потрошувачка од само 3л/100км па лесно ќе можете да ги испланирате километрите кои можете да ги поминете со полн резервоар. Доколку сепак заборавите да погледнете во километражата, и останете без бензин, нема да имате проблем да го избуткате до најблиската бензиска пумпа, тој тежи само 120кг.

Преден и заден кочионен диск позајмен од КавасакиЗабелешка ќе дадеме на гумите. Димензиите од  110/70-17" за предната, и  130/70-17" за задната се во ред, но наша препорака е да ги замените веднаш (добра алтернатива се Pirelli "sport demon") бидејќи со стандардните "Kingstone" можете да лизгате добро. Проблемот е што ќе лизгате и кога не сакате.

  Со своите димензии (2115x830x1140) моторот е висок, но лесен за управување. Самата положба при седењето овозможува лесно маневрирање и управување со тежината на телото на возачот. Лизгањето како и кај секој супермото зависи од способностите на возачот, па доколку имате вештина, моторот ќе ве следи.

Репортажата можете да ја најдете во најновиот број на "AutoFocus

Со цена од 1800 евра, QM200GY е мотор кој заслужува внимание. Qingqi  важи за врвен кинески производител, а кај увозникот е обезбеден и сервисот па нема за што да се грижите. На вас останува да се забавувате, а со овој модел сигурно можете да го правите тоа.

Моторот за тестирање беше позајмен од Хеми мотор (Тел.3135-058)

Фото: Кристијан Ивановски

comments

Би можело да ве интересира

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Новото правило со себе носи и голем број на услови кои мора да бидат исполнети. На пример, воздушното перниче задолжително мора да ги штити рамото и клучната коска, а заштитата на грбот не е задолжителна. 

Со оглед на тоа дека се влошува временската состојба, беше донесена одлука да се одложи деветата етапа, а тимовите да се префрлат во следниот камп кој се наоѓа во Салта, Аргентина.

Сем Сандерленд заздравува од повредата поради која мораше да се повлече од релито Дакар и веќе во текот на денешниот ден се очекува да се врати во Европа.

Корпорацијата Honda Racing објави дека Алберто Пуиг ќе биде назначен за нов тимски менаџер на тимот Repsol Honda. Тој ќе стартува со извршување на новата функција започнувајќи од првиот MotoGP тест од сезоната кој ќе се оддржи од 28-30 јануари на патеката во Малезија.

Како што одминуваат деновите од релито Дакар, се чини дека победата која ја постигна Жоан Бареда на петтата етапа ќе биде од голема важност.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!