26
Пет, Мај
Тестови

Наш тест: Motowell Magnet RS

mala_motowell1.jpgMotowell е компанија на која седиштето во Унгарија и дозволува да ги продава своите скутери како Европски. За да провериме дали навистина е тоа така или се работи само за маркетиншки трик на Азијска компанија, побаравме и добивме на тест еден Magnet RS.

Следете нè на:

 
Motowell е компанија на која седиштето во Унгарија и дозволува да ги продава своите скутери како Европски. За да провериме дали навистина е тоа така или се работи само за маркетиншки трик на Азијска компанија, побаравме и добивме на тест еден Magnet RS.

motowell1.jpgmotowell1.jpg

Се работи за скутер од 50цц, кој развива 4.5kw и има водено ладење. Она што врти глави е изгледот на скутерот кој не ги остави рамнодушни ни најголемите противници на "кинески" скутери (луѓе кои под кинески подразбираат се што не е познат бренд).

Сепак импресиите не остануваат само на изгледот, возењето на скутерот е вистинско освежување во класата на скутери од производители кои го бараат своето место на асвалтот. Максима се потруди да ни го овозможи тестот во идеални услови, па добивме нов деблокиран RS со полн резервоар, а за да биде се како што треба се погрижи и одличното време.

Кога сме кај тестот, за да бидеме објективни во оценката, скутерот на тест им го дадовме на двајца искусни скутерџии, кои дадоа свое видување на Motowell Magnet RS.

Светла кои не се гледаат на секој скутер.Светла кои не се гледаат на секој скутер.

{mospagebreak} 

---------------

Motowell Magnet RS - Љубов на прв погледСкутер со одличен дизајн, racing изглед, фарови како Ducati 848 со додадени лед диоди, диск кочници, дигитална километража и одлична палета на бои.

Сето ова ве асоцира на скутер од високата класа која со својата цена ја надминува бројката од 2000 евра. Новиот Мotowell Magnet RS е одговорот за сите скептици што ги тера да сменат мислење кога ке се каже “кинеска веспа”.

После поминати 350 километри со RS верзијата која ја возевме, скутерот ги надмина нашите очекувања. Тоа што ни остави најголем впечаток е стабилноста, управливоста и самата агилност при поголеми брзини од 60 км/ч.

Пневматиците со димензии 130/70-13 и напред и назад во комбинација со одличните диск кочници и напред и назад нуди голема сигурност во возењето. Не одушеви тврдата суспензија која наликува на веспите од повисоката класа како и добро изработеното и не толку удобно седиште под кое има простор за отворена и помала затворена кацига (M;L).

Краткото меѓуоскино растојание нуди добра управливост низ градскиот метеж кој позитивно не изненади. За оние кои ќе се одлучат за овој модел убаво звучат перформансите кои ние успеавме да измериме: 82км/ч при 8400 вртежи во минута.

Двотактен агрегат од 50 кубни сантиметри, 6.3 коњски сили со водено ладење задаваат силна главоболка на конкуренцијата која со својата потрошувачка од 2.5 литри на поминати 100 км при експлоатиран режим на возење стана миленик на сите скутерџии.

Омалаксеност на агрегатот без никакви проблеми почнавме да ги осеќаме по 60 поминати километри при максимална искористеност која што е типична карактеристика за двотактните агрегати.

Високо поставеното седиште во однос со гиданот знае да биде малку исцрпувачки при подолги релации за оние кои се повисоки од 180 см. Но имајки во предвид дека се работи за скутер кој служи за градско возење ги исполнува сите критериуми за брзо, економично и возење со стил низ градскиот метеж. Со прифатлива цена од 1500 евра Magnet RS е правиот избор за жешкото сонце и сообракајниот метеж.

motowell4.jpgmotowell4.jpg

Игор Стерјов (Stunter)

 ---------------

{mospagebreak}

 ---------------

Јас наместо класичен текст ќе дадам мислење за скутерот преку позитивни и негативни критики.

Позитивни страни: Александар Антовски со свое 
видување за скутерот
- добри гуми
- амортизација
- мала потрошувачка
- добра прегледна инструмент табла
- добра задна кочница
- жмигавци со лед диоди
- фар angels eyes со лик на Ducati
- може да се возат и повисоки луѓе на него (до 185)
- 13 инчни бандажи

Негативни страни:
- слаба предна кочница (барем на моделот кој го возевме)
- задниот дел на скутерот е оставен без идеја за разлика од предницата
- висока цена од 1500 евра

За крај, скутерот дефинитивно наликува во многу карактеристики на keeway, со многу шминка, водено ладење и добра задна кочница.

Изглед на кој никој не остана рамнодушенИзглед на кој никој не остана рамнодушен

Александар Антовски (BAD_BOY)

 ---------------

За нас искуството со скутерот беше позитивно, импресионирани од напредокот на скутерите достапни за понизок буџет го завршуваме тестот и оставаме на вас да одлучите. За крај да ве потсетиме дека скутерот може да се погледне во секое време во салоните на Максима и Maxmoto (Бул. Партизанска, после Броз Кафе)

 

ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
 
Должина x ширина x висина
1850 x 700 x 1100 mm
Осовинско растојание
1270 mm
Оддалеченост од земја
-
Нето тежина
109 kg
Вид на мотор
2-тактен, водено ладење
Пречник
-
Запремнина
49.2 ccm
Максимална сила
4,5 KW
Вртежен момент
-
Кочници
напред диск - позади диск
Големина на предно тркало
130/60-13”
Големина на задно тркало
130/60-13”
Максимална брзина
45 (80) km/h
Потрошувачка < 3 l
Капацитет на резервоар
5,5 l
Палење
CDI
Компресија
7.9 : 1
Начин на стартување
електрично / курбла
comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!