23
Чет, Фев
×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/350st-1

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/350st-2

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/350st-1

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/350st-2

Тестови

Наш тест: Beverly Sport Touring 350

motori 2012-Piaggio-Beverly-Sport-Touring-350-1Добивме можност да го провозиме новиот модел на Пијаџо за 2012 - Beverly Sport Touring 350.

Следете нè на:

 

Добивме можност да го провозиме новиот модел на Пијаџо за 2012 - Beverly Sport Touring 350.

Бест селерот на Пијаџо годинава доби нов агрегат кој може да се опише како компактен, лесен и моќен. Она што беше најавено на саемот „EICMA 2011“ се претвори во реалност, првиот скутер во сериско производство опремен со ABS и ASR, прекрасен изглед и перформанси кои ја правдаат цената.

Спорт Туринг 350 носи нов мотор со зафатнина од 330цц кој развива 33.3кс, компактен како неговиот помал брат Беверли 300, а моќен како поголемиот Беверли 400. Новиот модел тежи само 177кг, а со намалувањето на тежината намалена е и потрошувачката, па така Беверли 350 во просек троши 3 литри на изминати 100км. 

Безбедноста и удобноста се главни карактеристики на овој скутер, но името „Спорт Туринг“ одлично се вклопува и со перформансите. Надворешниот изглед не навестува агрегат поголем од 250цц, но кога ќе седнете на мекото седиште и ќе ја навртите рачката за гас сваќате дека сепак изгледот лаже. Моќниот скутер без проблем не одвезе до Козјак преку стрмните нагорнини низ Припор и Сопиште, а враќањето низ центарот на Скопје беше вистинско уживање, како за возачот, така и за совозачот.

Суспензијата која е составена од 35мм телескопски вилушки напред и двојни хидраулични амортизери позади е на висина на задачата. 350ST е втор скутер во гамата на Пијаџо по Aprilia SR Max 300 кој има прилично исправен начин на седење. Благодарение на одличната суспензија и мекото седиште нашите патишта нема да бидат проблем за вашиот грб. Исправената положба при седењето нема да ви претставува проблем ни на отворен пат, бидејќи и на брзини од 140км/ч возачот е одлично покриен од визирот.{gallery}350st-1{/gallery}

Идејата на инженерите била да добијат економичен и доверлив скутер кој ќе одговори на предизвикот од конкуренцијата. Со Спорт Туринг 350 тоа и го добивме, скутер со одлична крајна брзина, забрзување на кое може да му позавиди било кој скутер во неговата класа и потрошувачка која нема да го испразни вашиот џеб.

Новиот Спорт Туринг е првиот скутер на пазарот кој има опционален ABS/ASR пакет за беспрекорно управување во најтешки услови на патот. Ненадејното губење на тракција или пак наглото кочење воопшто не се проблем. На двете тркала се вградени сензори за брзината на вртење кои се поврзани со хидраулична контрола. Серво вентилите во неа го регулираат притисокот на сопирачките и со тоа го активираат системот против блокирање на сопирачките во моментот пред тркалото да се блокира. Благодарение на системот за контрола на пролизгување со скутерот можете без проблем да возите по испечените и лизгави скопски улици, а наглото кочење пред огромните дупки исто така нема да ви претставува проблем. Како резултат на двата системи управувањето е значително подобрено, а должината на запирањето е значително намалено.

Под седиштето има доволно место за една фул фејс кацига и простор за поситни работи кои би се сместиле зад неа. Делот за ракавиците напред е доволно голем за два пара ракавици, а тука е сместен и излезот од 12 волти. Инструмент таблата е прегледна и одлично изгледа, а синото светло кое ја осветлува навечер е само дополнување на елегантниот изглед.

Скутерот од фабрика доаѓа со монтирани „Michelin City Grip“ гуми кои важат за едни од најдобрите во сегментот на моќни скутери. Она што е интересно е димензијата на задната гума која изнесува 150/70-14, додека предната е со стандардна димензија од 110/70-16. 

2012-Piaggio-Beverly-Sport-Touring-350

{gallery}350st-2{/gallery}

Дека нема компромис во квалитетот на изработката говори и податокот за продолжениот сервисен интервал, па така редовната замена на каишот како и проверката на моторот се прави по изминати 20.000км. Додадете ја на ова и гаранцијата од 2 години за скутерот и можеме слободно да кажеме дека за вас ќе нема зима.

Елегантниот и префинет изглед на 350ST е воочлив на сите елементи на скутерот. Матираната боја заедно со деталите го прават скутерот спортски, но истовремено елегантен и одлучен. Италијански стил на кој ретко кој може да остане рамнодушен, што впрочем и се покажа на нашето снимање на плоштадот Македонија кога буквално секој минувач подзапираше да го разгледа убавецот од близу.

Скутерот може да се погледне во салонот на Динамикс кој е официјален застапник за целата Пијаџо групација за Македонија, а може да се купи по цена од 4690 евра додека трае промотивниот период. Редовната цена на скутерот е 5190 евра. 

Тродневното дружење со Beverly Sport Touring 350 за нас беше вистинско задоволство, иако е скутер и чини приближно или повеќе од некои мотоцикли, вреди да се погледне и проба. Оние кои уживаат во возењето на скутерите сигурно ќе бидат импресионирани од технологијата со која доаѓа скутерот и перформансите кои ги нуди, а за останатите ќе остане „само скутер“.

comments

Би можело да ве интересира

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Марко Меландри го подобри своето темпо на новите пневматици за време на тестот на Филип Ајленд. На крајот тој заврши со време кое беше послабо за само 0.030 секунди од времето кое го постигна Џонатан Реа.

Нашиот најдобар натпреварувач на Балканскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 125цц од оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“.

КТМ е новиот тим кој ќе биде дел од 2017 MotoGP шампионатот. Според резултатите кои ги постигнаа за време на тестовите на Филип Ајленд, очигледно е дека тимот се уште го чека работа.

Џонатан Реа ги потсети своите ривали дека ќе биде еден од фаворитите откако го заврши претсезонскиот тест на Филип Ајленд на првото место

Двоецот на КТМ, Бредли Смит и Пол Еспаргаро, се задоволни од резултатите што ги постигнаа на вториот од трите MotoGP тестови.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!