22
Саб, Јул
Тестови

Наш тест: 2008 Triumph Street Triple 675

street8mmm.jpgTriumph е англиска марка која рака на срце на нашиве простори и немала некој позначаен удел во мото пазарот. Кога ни беше понудено да направиме тест на Street Tripple 675 (2008), првата реакција не беше којзнае каква. Се додека не седнавме на моторот.

Следете нè на:

 

 Triumph е англиска марка која рака на срце на нашиве простори и немала некој позначаен удел во мото пазарот. Кога ни беше понудено да направиме тест на Street Tripple 675 (2008), првата реакција не беше којзнае каква. Се додека не седнавме на моторот.

Прекрасен поглед..Кликни за поголема слика

Овој класичен градски нејкед модел всушност претставува соблечено пакување на Daytona 675, машина која остави силен впечаток во SuperSport, и која неколку години по ред е прогласувана за мотор на годината во својата класа.

Доколку ги разгледате и официјалните прес материјали од Триумф ќе прочитате дека самата Daytona 675 од старт е дизајнирана имајќи во предвид нејзина нејкед верзија. Она што го наумиле дизајнерите, инжинерите го претвориле во реалност со овој модел. Страшно забрзување, лесно управување. Со еден збор, ѕвер.

Triumph StreetTripleБидејќи станува збор за нејкед верзија, моторот ја има задржано истата шасија од дејтоната, но модифициран е самиот агрегат. Изгубена е крајната брзина која не е потребна, ниту пак се очекува од еден стритфајтер, но затоа пак е добиено многу на ниските вртежи. Овој мотор има доволно моќ во себе со нагло вртење на рачката за гас да ве преврти од место.

Возењето на задно тркало во прва, втора, па дури и во трета брзина без посериозен ангажман е можно со едноставно навртување на рачката за гас. Карактеристики кои би ги очекувале од мотор со зафатнина од 1000цц, но не и од 675-ка со три цилиндри.

Triumpg StreetTripleЗатоа и на нашето тест возење секое застанување продолжуваше со возење на едно тркало и добро навалување во кривините. Високите рачки на моторот, даваат чувство на возење на супер мото модел, а одговорот од рачката за гас едноставно не дозволува опуштање. Машината има секавична реакција при забрзување, но и моторно кочење кое едноставно ве тера постојано да "играте" со гаста.

 
Кога сме кај сличностите со "облечената" верзија, да напоменеме дека моторот освен истата шасија, има иста задна вилушка, фелни, дискови и многу други делови. Сепак имајќи ја во предвид цената на моторот, односно желбата да направат достапен стритфајтер за пониските буџети, на speed tripple-от му е променета амортизацијата и кочиониот систем.

Motori.com.mkКликни за поголема слика

Разликата во амортизацијата на предницата е лесно воочлива при навалување на моторот на нерамен асфалт или пат со дупки. Потребен е поискусен возач за да го извади максимумот во вакви услови, но сепак, амортизацијата е одлична при возење на рамен пат.

MotoriЗабелешки ќе дадеме на седиштето, кое не е удобно за подолгoтрајни возења, како и на греењето на моторот. Да бидеме јасни, се е во ред со ладењето и нема да имате проблеми за самиот мотор, но бидејќи "влече" како мотор од 1000цц, така и грее.

Моторот доаѓа со монтирани Dunlop Qualifier, гуми на кои не треба премногу да им верувате, и доколку планирате посериозно возење, наша препорака е веднаш да ги замените.

Околу карактеристиките, треба да се спомене дека се работи за мотор кој развива 107кс, со вртежен момент од 69.00Nm @ 9100 RPM и компресија од 12.7:1.

Моторот има тежина од 166кг, а капацитетот на резервоарот е 17л. Просечната потрошувачка на моторот е 6л/100км што значи дека со полн резервоар ќе поминете 220км пред да дојдете до резервата.

StreetTriple 675Кликни за поголема слика

Околу изгледот на моторот ќе кажеме дека изгледа прекрасно гледан од страната, и од позади, но, се чини дека тука застанала работата на дизајнерите бидејќи предницата на моторот изгледа буквално како да сте го заборавиле предниот оклоп дома. Два големи фарови, кои зјапаат директно во вас, и ништо повеќе. Тоа е се што ќе видите доколку го погледнете StreetTripple-от однапред. Било каква мала пластика, спојлер, визир... ќе завршеше работа. Вака, секој кој ќе го погледне моторот првото што го помислува е дека нешто фали на предниот дел.

street7.jpg Да споменеме дека кај новиот модел (2009 SE) овој дел е корегиран, и моторот има класичен стрифајтерски поклопец за фаровите и мало визирче кое му даваат перфектен изглед.

Со цена од 8.990 евра, овој модел е поскап од останатите нејкед модели во класата, но перформансите му се неспоредливо подобри од конкурентите.

Седењето и возењето на моторот е потполно природно и претставува вистинско уживање. Положбата на телото е исправена, а ногарките се поставени на позиција за нозете на возачот да не бидат премногу свиткани. Седиштето е доволно ниско за човек со 170цм да може да застане на земја кога ќе запре моторот.

Motori.com.mkКликни за поголема слика

Го вративме StreetTriple-от од тестирање полни со импресии од возењето. Возевме мотор кој комплетно ги надмина нашите очекувања, и го промени нашето мислење за Triumph.

Моторот за тестирање беше позајмен од Еуромото (тел.32 32 331), каде може да се купи по цена од 8.990 евра.

За крај, од сесрце го препорачуваме Triumph StreetTriple на секој љубител на нејкед моделите. Посетете го салонот на Еуромото кај Олимпискиот базен каде ќе можете во живо да го видите моторот, а доколку успеете да добиете и тест возење, гарантираме дека ќе го купите. 

Tомислав Трајковски
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!