24
Пон, Јул
Тестови

Honda NC750X: Прво возење и преглед

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Следете нè на:

 

Од неговото прво претставување во 2012 година, како NC700, тој не беше оној мотоцикл кој е закачен како постер на ѕидовите на тинејџерите, но Јапонската компанија сепак продаде 33.000 примероци и овој модел стана најпродаваниот голем мотоцикл на Honda во Европа во 2015 година.

666 Honda NC750 YM161546

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Во 2014 година оригиналниот модел беше променет и доби дополнителни шест коњски сили со што неговиот капацитет се зголеми на 745cc. Овој пат од компанијата не направија промена на моторот кој има течно ладење и 54hp при 6250rpm. Тој остана во долниот дел на рамката што пак му овозможи на високиот мотоцикл понизок центар на гравитација, поголема стабилност, агилност и подобро влегување во свиок.

Цени:

Мануелен: 7.490€  |  DCT: 8.490€

Што има ново?

Од компанијата му ја дадоа една од најдобрите фрази што некогаш сум ја прочитал во некое соопштение: „Сензуални перформанси“.

DCT Менувач: Нов, S-mode, кој има три нивоа и кој му нуди на возачот поголема флексибилност без разлика на тоа каде вози.

Променета каросерија: NC750X има многу помодерен изглед и личи на неговите роднини како што е неверојатната нова генерација на Africa Twin.

LED предни и задни светла: Уште една промена која на овој мотоцикл му дава модерен изглед. Се уште не сум ги испробал навечер но сигурен сум дека се добри.

Издув: Пократок и полесен кој е во согласност со Euro 4 стандардот.

Нова суспензија: 41 милиметарската предна вилушка е опремена со најнови, двојни вентили на Showa кои го подобруваат протокот на маслото низ суспензијата.

Дискови: Надградба на дизајнот на предните и задните единечни сопирачки.

Поголемо ветробранско стакло: Ефикасно ново стакло кое е добро прицврстено.

Подобрено менување на брзина: Лесно префрлување од една во друга брзина. Горниот „rpm“ лимит е зголемен за полесно менување кога возите во мануелен мод.

Поголем простор за багаж.

Поголема табла: Поголема и посветла LCD табла. Од компанијата велат дека целта им е постојано да бидете информирани за перформансите на мотоциклот.

666 Honda NC750X YM16 0036

Обично не ги опишувам перформансите на мотоциклот како сензуални. NC750X воопшто не е страшен. Звукот од радилицата на 270 степени е силен и моќен, слично како и кај „V-twin“ и ви дава еден вид на сигурност во квалитетот што и се очекува од Honda. Моторот е чист, уреден и паметно организиран.

Реакцијата на гаста кај мотоциклите опремени со DTC кои им беа дадени на новинарите за време на претставувањето во Малага, Шпанија, не беше баш најдобро. За разлика од автомобилите со автоматски менувач, мотоциклот не се движи напред кога сте во Drive, Sport или кога сте во прва брзина во мануелниот, MT,режим. Нема да забележите никакви промени кај моторот или суспензијата кога се движите или кога менувате брзина. Сепак, тестирањето на NC750X на планинскиот дел беше добро и мотоциклот реагираше на одличен начин.

666 Honda NC750 YM161675

За мене нема голема разлика помеѓу трите S режими и сметам дека таа би требало да биде поголема. Доволни би биле само еден D и два S режими. Подобро би било дури и за оние возачи кои сакаат да возат на планински терен бидејќи буквата X на самиот модел кажува дека овој мотоцикл е способен за такво возење.

Режимот D е пријатен за возење низ град и е најдобар доколку сакате да заштедите гориво. Ќе ви треба малку време да се навикнете да возите без кумплуг но да бидам искрен тоа ќе ви претставува мал проблем бидејќи NC750X е многу лесен за возење.

864 Honda NC750 YM161512

Секако дека се забележуваат и подобрувањата. Лесно се менува брзина и нема потреба силно да притискате.

Иако мотоциклот опремен со DCT тежи 230 килограми (тежината на мануеланата верзија изнесува 220 килограми) тој е одлично балансиран благодарение на одличната дистрибуција и положбата на моторот. Импресиониран сум од овој мотоцикл. Тој е лесен и забавен за возење и одлично реагира на секоја ваша команда.

666 blue

Бидејќи е автоматски модел, моторното сопирање понекогаш може да ви направи проблем и затоа треба почесто да се потпирате на сопирачките. ABS се стандарден дел овие денови но единечните 320mm предни дискови би можеле да бидат малку подобри.

Овластен увозник за Хонда во Македонија е фирмата Макпетрол. Салонот на Хонда се наоѓа во Скопје на бул. Илинденска, во близина на СРЦ „Борис Трајковски“. Контакт телефон: 02/ 30 90 707

Кога се паркирате некаде на угорица, обично го оставате менувачот во прва брзина и го гасите мотоциклот. Honda на овој модел го има задржано копчето за паркирање бидејќи не можете да оставите автоматски мотоцикл во прва брзина. Кога повторно планирате да почнете да возите, само притиснете го копчето.

NC750X има некои навистина ефикасни подобрувања. Неговиот изглед е променет и е многу подобар од актуелниот модел. Одличен е и за долги патувања и ви нуди комфорност и економичност. Плус, неговата цена е одлична имајќи во предвид што нуди мотоциклот.

comments

Би можело да ве интересира

А2 мотоциклите се мостот за оние возачи кои не сакаат повеќе да возат мотоцикли со зафатнина од 125cc но кои се уште не можат да возат мотоцикли од А категорија.

Полицијата од Јужен Шилдс се обдува да го спречи антисоцијалното однесување од страна на мотоциклистите со помош на дронови, а цел на дронот се возачите за кои имаат информации дека возат невнимателно.

Кога сакате да се возите со некој пријател но не сакате тој да седи заедно со вас на мотоциклот, или пак кога треба да пренесете голем број на работи, тогаш страничната приколка за мотоцикл е токму она што ви треба. Погледнете ги овие пет навистина интересни приколки.

Suzuki Gixxer купот ја започна својата трета сезона, како и секогаш со несебична поддршка од страна на Motul. Од 7-ми до 9-ти јули на патеката Кари во Коимбаторе (Индија), посетителите имаа можност да уживаат во новите аспекти кои ги воведоа организаторите со цел уште повеќе да го подобрат концептот на натпреварувањето.

Уште еден дел од сложувалката за 2018 година си дојде на свое место. Во понеделникот, Aspar потврди дека Алваро Баутиста го продолжи договорот и ќе остане дел од тимот и во 2018 година.

MotoGP мотоциклите во последниот период станаа неверојатно комплицирани и на рачките има голем број на копчиња за контрола на возењето. Но Скот Рединг од тимот на Pramac Ducati ќе ни го објасни значењето на секое од нив посебно.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!