24
Пет, Мар
Тестови

Honda NC700X: Швајцарско армиско ноже помеѓу моторите!

motori nc700x-skopjeАјде да направиме список на сите работи што го прават овој мотор толку практичен...цената, тежината, управливоста, комфор и практичност. Моќноста и брзината не спаѓаат во тој список.

Следете нè на:

 

nc700x-skopje

Незнам дали го знаевте ова за мене ... но јас сум вљубеник во ножевите. „Обвинете“ ја младоста потрошена на правење бељи надвор. Па така кога го најавија новиот „Honda NC700X“ направен во авантуристички стил, опремен со автоматски менувач, со половина мотор од кола, во најаватанарекуван „Швајцарско армиско ноже помеѓу моторите“.... бев малку скептичен.

Мој омилен нож во моментов ми е  Esse-6,  го произведува мала компанија од Алабама, преголем е за да го носиш со себе секој ден, и е нелегално да го носиш во поголем број држави! Тежи 340 грама и е 30 цм. долг.

Претставува значителен дел од товарот што го носиш со себе. Со својата вредност од околу 120евра е доволно скап за да ми го уништи денот ако го загубам! Подготвен сум да го трпам сето оваа затоа што за моите авантуристички прошетки или возења со велосипед по планина, ми е скоро совршена алатка. Добивам функционалност на секира во пакување кое можам да го носам на колкот. Со него можам да пресечам суво дрво за оган за неколку минути. Направен од челик 1095, сепак му е потребно одредено одржување.

knife

Тоа е егзотична и специјализирана алатка која 99% од луѓето нема да знаат ниту како, ниту за за што се користи. Токму затоа сите останати користат швајцарско армиско ноже!

Омилен мотор деновиве ми е Aprilia RSV4, исто така го произведува мала фабрика, овојпат во Ноале, Италија и очигледно е егзотичен и високо специјализиран. 99% од луѓето имаат проблем со метаболизмот на него уште во 1-ва брзина. Токму затоа повеќето луѓе возат автомобили.

Во оваа приказна  NC700X доаѓа токму поради неговата широка применливост. Сите, вклучувајќи ја и мајка ми, носи швајцарско ноже. Тоа е за тоа што со него може да отвори шише вино, да пресече кутија, да отвори пиво, да извади шпиц, па дури и да направи нова дупка на твојот ремен. Мајка ми никогаш нема да има потреба да сече дрва во шума, па доколку има невреме за да се стопли и преживее! На повеќето луѓе не им требаат моторцикал за да поставуваат рекорди за брзина, ним им треба практичен, економичен, забавен за возење мотор, кој можат да го користат секој ден и да уживаат во возење при релаксирачки патни брзини. Судејќи по тест возењето што го направивме денес во Малибу, NC700X е токму тој мотор!

Ајде да направиме список на сите работи што го прават овој мотор толку практичен...цената, тежината, управливоста, комфор и практичност. Моќноста и брзината не спаѓаат во тој список. Секој моторцикл па дури и таков со 50-на коњски сили е има подобро забрзување од повеќето спортски автомобили, така да брзината е релативна на некој начин!

Цена:  NC700X кај нас е со почетна цена од 6.490 евра за основниот модел без АБС. Тоа е екстремно евтино за мотор кој ќе те носи на работа, ќе те повози низ државата, со него можеш да одиш на излет, или да правиш се што ќе ти падне на памет. Но ако сакаш да имаш и АБС и автоматски менувач цената станува посолена за дополнителни 1000 евра.

NC700X Tech 01 EU mediumПоставеноста на агрегатот под агол од 62 степени е тајната на Хонда, благодарение на одличната распореденост на тежината моторот делува значително полесен од реалната тежина

Тежина:  NC700X  на хартија е доста тежок,  дури 215кг. Но со доброто и ниско позиционирање на машината и резервоарот, резултатот на добиената управливост и комфор е зачудувачки.

Управливост: Нискиот центар на гравитација му дава на овој мотоцикл одлична стабилност и упрaвливост.Линеарното забрзување, стабилните и сигурни сопирачки и удобното седење само го надополнуваат впечатокот. Ако е опремен и со автоматски менувач тогаш е правиот избор за почетници или пак само за одење од точка А до точка Б.

NC700X Det 10 mediumНешто што најчесто го земаме здраво за готово кај моторите, инструмент таблата кај NC700X е одлична, лесно видлива, а големите копчиња од страната ќе можете без проблем да ги притиснете и со зимски ракавици

Комфорт: Една од големите тајни што никој нема да ти ја кажи е дека моторите, вклучувајќи ги и оние што изгледаат навистина убаво, е дека тие се зачудувачки неудобни! За тоа сведочат Triumph Tiger Explorer или BMW F800GS, но не и NC700X. По три и пол часа возење утрово на него не почуствував никаков проблeм ниту некаква вкочанетост. Удобноста е клучна за употребливоста на еден моторцикал.

Практичност: Практичноста е всушност главниот адут на NC700X, не само што е евтин за да го купиш, туку е евтин и за возење. Декларираната потрошувачка од производителот е 3,5л./100км.

NC700X Det 19 mediumВо багажникот собира една целосна кацига, а просторот е изолиран од вода и може да се заклучи.

Конкуренцијата! Kawasaki Versys 650 е за малку помоќен , но не се разликува суштински од Хондата, а може да се набави за 7500 евра. V-Strom 650 е побрз, поразновиден и дава можност за offroad возење, може да се набави за околу 8500 евра со стандарден АБС. Најголема забелешка за хондата ми е тоа што во основниот пакет не е вклучен и АБС системот кој многу значи за возачите со помало искуство. Хондата е поудобна од Сузукито поради нискиот центар на гравитација и потесниот дизајн, успешно камуфлирајќи ги неколкуте сантиметри плус на позицијата за седење.

Па тоа е тоа! Мотор кој штеди, кој ќе ве разнесува наоколу, кој ќе ве однесе на кампување без никаков проблем. Можеби неможе да отвори шише пиво, но бидејќи може да направи толку многу други работи и е забавен за возење,  ќе и признаеме на Хонда за епитетот „Швајцарско армиско ноже“

Можеби нема да биде ултимативна специјализирана алатка за експерти, и нема да ни даде емотивна поврзаност на човекот и машината како што тоа може да го направи RSV4. Но сепак тој е проклето добар мотор, уживав во возењето со него денес, а сигурен сум ќе уживате и вие. Тој е практична, достапна алатка способна да ги реши сите предизвици на секојдневното живеење!

Текстот е објавен со дозвола на авторот Вес Силер (мото новинар од САД)

comments

Би можело да ве интересира

Во салонот на Динамикс во Скопје пристигнаа новите модели на Vespa и Piaggio.

Дани Педроса беше најбрзиот возач на Repsol Honda на официјалниот тест во Катар но сепак смета дека не може да се предвиди како ќе се одвива првата трка од новиот шампионат.

MotoGP светскиот шампион Марк Маркез има за цел да освои место на подиумот на првата трка од новиот шампионат

Возачот на Monster Tech 3 Yamaha, Јонас Фолгер, ги брои часовите до неговиот деби настап во MotoGP

Андреа Довициозо смета дека Маверик Вињалес е главниот возач кој треба да го победи доколку сака да го освои првото место на трката во Лосаил. 

Претставени минатата недела, новите пневматици на Continental, RoadAttack 3, се најновиот додаток на исклучително важниот спортско-туринг сектор кај пневматиците. Направени врз основа на RoadAttack 2 Evo, од компанијата тврдат дека новите пневматици се подобри на влажни услови во споредба со нивниот претходник.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!