Известувањето од Хамачи за пристигнување на два нови скутери на тест го примивме со голем скептицизам бидејќи ни беше најавено дека ќе бидат тоа електрични скутери. Електричен скутер? Па тоа не ни влегува во категорија на скутери. Така барем размислувавме на почетокот.
48V20Ah (1.5 kw)Првата средба со двата скутери ни остави позитивен впечаток, на изглед воопшто не покажуваа дека наместо агрегат на бензин под седиштето имаат батерии кои се полнат на струја. Разликата е воочлива дури откако ќе ја навртите рачката за гас. Нема брмчење, нема тресење, едноставно скутерот тргнува! На почетокот делува по малку застрашувачки бидејќи додека се движите скутерот не испушта никаков звук, но набрзо се навикнувате и ги држите очите отворени бидејќи сега уште помалку сте воочливи за останатите учесници во сообраќајот.
Полначот го собира под седиштето и се вклучува во обичен штекер за струја (220V)Насмевката на возачот е тешко да се тргне од лицето и по неколку денови возење. Минувачите кои се вртат кон вас со отворена уста едноставно не ве оставаат рамнодушни. Бидејќи кај нас електричните скутери сеуште се реткост тие претставуваат вистинска атракција по улиците. Пример за тоа е и нашата случка за време на тестот на скутерите. Полицаец не запре бидејќи мислеше дека го возиме скутерот изгаснат, па откако се увери дека се работи за електричен скутер побара да го проба, а потоа ги викна и своите колеги за да им го покаже “чудото”.
Едноставно кажано, електричниот скутер е најдоброто и нај економично превозно средство за градскиот метеж. Ставете го кабелот во штекер (да, се полни преку кабел), наполнете ја батеријата и возете. Со едно полнење од 3.5 часа можете да поминете 50-60км, во зависност од начинот на возење.
Идеален скутер за градскиот метеж кој го чува вашиот џеб
Батериите се празнат во зависност од тоа дали го возите скутерот на рамен терен или на нагорнини и во зависност од тоа колку често запирате и повторно тргнувате. Доколку го возите скутерот со некоја константна брзина, батериите користат навистина малку од својот капацитет за да ја оддржуваат брзината. На овој начин без проблем можете да поминете 60км со едно полнење. Со секое застанување и тргнување потрошувачката се зголемува бидејќи на скутерот му е потребна поголема енергија да достигне одредена брзина. Нагорнините се генерално проблем за електричните скутери, тие никогаш нема да застанат и да ве остават, меѓутоа брзината со која ќе се движите значително се намалува, а потрошувачката на батеријата се зголемува. Затоа пак на надолнини бидејќи нема моторно кочење лесно ќе забележите брзини од 80 км/ч. Возењето на сопатник воопшто не е проблем, поголемиот скутер достигнува 60км/ч и со двајца патници што е навистина солидна и сосем доволна брзина за возење низ градот.
Она што не изненади е цената на чинење, секаде низ Европа електричните скутери имаат поголема набавна цена бидејќи цената за нивно одржување и возење е значително помала. Во Хамачи се потрудија да ги донесат електричните скутери поблиску до граѓаните па цената за набавка на еден ваков скутер е навистина достапна. Понатаму трошоците за оддржување но и за возење на скутерите се незначителни ако се има во предвид дека за полнење на батеријата ќе потрошите едвај 15 денари, а ќе поминете 100км!
Тестот може да се погледне во новиот број на магазинот АутоФокус
Скутерот со моќност од 3kw има значително поголемо забрзување во однос на неговиот помал брат (1.5kw) и поголема крајна брзина, но според мнозинството помалиот на изглед е поубав, а и амортизацијата му е значително подобра. Во принцип изборот паѓа според сопствените потреби. Трошоците, автономијата на движење и времето потребно за полнење се скоро идентични.
Од се срце ги препорачуваме електричните скутери, тие ја чуваат околината бидејќи не испуштаат никакви штетни гасови, а истовремено го чуваат и вашиот џеб.
48V40Ah (3.0 kw)
Време на полнење: 3.5-4 часа
Автономија на движење: 55км
Максимална брзина: 60км/ч
Цена: ???? евра
48V20Ah (1.5 kw)
Време на полнење: 3.5 часа
Автономија на движење: 60км
Максимална брзина: 45км/ч
Цена: ??? евра
Информации за цените можат да се добијат во Хамачи
на тел. 02 / 20 44 303













