| Индекс на артикл |
|---|
| BMW K1600GTL 2012 |
| Страна 2 |
| Страна 3 |
| Сите страници |
Германците се повторно горди на нов туринг моторцикл именуван како BMW K1600GTL. Во светот на луксузните туринг моторцикли од секогаш се знаело коj бил реперот за добар модел: удобност и тивок но моќен агрегат. Па така дојде време и Германскиот производител на коли и моторцикли да произведе една нова серија на спорт-туринг моторцикли; K1600GTL и K1600GT.
Целиот процес изминат со инженерите од БМВ при создавањето на новите модели ја доведуваат туринг класата до една посебна наука. Сето ова започнува со огромниот број на електроники поставени во еден мотор кој нормално се произведува. Она што следи е необичната БМВ суспензија,одличниот надворешен изглед кој аеродинамиката ја сведува на најмало можно ниво и за крај комоцијата со која располага возачот.
Овој монструм црпи сила од моќниот 6 цилидричен реден агрегат, создаден од врвна технологија која се смета дека во моментов е врвот во мото индустријата. Сите овие навидум обични компоненти се сместени во луксузниот спорт-туринг моторцикл наречен БМВ K1600GTL.
Овој моторцикл не е дизајниран да биде конкуренција на некој од останатите производители. Со неговото последно склопување и пуштање во производство јасно е дека овој монструм е подобар од сите останати конкуренти без разлика кој бренд е впишан на резервоарот. Сите добро знаеме дека таа е "едноставна" перспектива во БМВ е да се биде најдобар од најдобрите.
Од каде ли да почнеме... Ќе започнеме од системот за гаста наречен "fly-by-wire" кој е директно поврзан со системот за вбризгување гориво и тоа на секој цилиндар посебно. Можеби токму поради тоа при нагло вртење на рачката за гас во поголема брзина знае за момент да се слушнат необичен звук на агрегатот. Токму поради тој звук овој моторцикл многу повеќе потсеќа на спортски автомобил отколку на моторцикл и тоа е она што ги зачудува возачите. Свртете ја рачката за гас до максимум и моќниот агрегат ќе ве исполни максимално при обртниот момент од 3000 до 8000 вртежи во минута. Толку моќно ќе ве придвижи што за момент ќе помислите дека сте се качиле на спортски моторцикл, а не туринг. Имајќи во предвид дека од еден до друг цилиндар има преграда од само 5мм, агрегатот од 6 цилиндра е навистина тивок. Она што ќе ве тера никогаш да не ја отпуштите рачката за гас е звукот кој излегува од високо квалитетните ауспуси. Токму низ тие ауспуси излегува моќта на агрегатот кој располага со 160 коњски сили при вртежен момент од 5250 вртежи во минута. Тешкиот и алуминиумски двоен рам е амортизиран од страна на хидрауличните амортизери, напред доаѓа добро покажаната комбинација карактеристична за БМВ. Напред Duolever, а позади Paralever.
Тестираниот GTL модел за кој говориме е опремен со Премиум пакетот и е тестиран неколку дена низ патиштата низ Јужна Африка. Премиум пакетот вклучува; Dynamic Traction Control (DTC), посебен монитор кој го покажува притисокот на гумите и предупредува, долги светла кои се адаптираат според темнината поради поголема видливост и безбедносни причини. Додека Луксузниот пакет за опрема ги вклучува сите овие работи како и; Electronic Suspension Adjustment II (ESA II), централна брава и специјален аларам за моторцикл, ЛЕД светла за магла и уште многу други. Токму низ поголемите градови низ Јужна Африка како и планините со кои располага, имавме можност да го испробаме системот ESA II кој остави повеќе од добар впечатот. Подесувањето е едноставно и имате можност да изберете три вида на параметри: нормал, комфорт и спорт.
Подесувањето е како што рековме едноставно, се наоѓа на левата рачка и со само едно вртење можете да ја изберете саканата функција. Оваа иновативна апаратура со која располага K1600GTL е совршена, поради тоа што командите за подесување му се наместени на една од рачките и сето тоа подесување се прави без ниедно тргање на рацете од рачките, што е многу битно пред се за безбедноста. Оние команди кои порано се наоѓале негде низ инструмент таблата,а возачот има потреба од нив при возење сега се сместени на некоја од рачките. На пример подесувањето за греачите се поставени на рачките и седиштето, копчето за ресетирање на трип километражата, комуникациите, ЕЅА системот и уште многу многу други.














